Грчките медиуми за посетата на Чавушоглу на Скопје

Атина, 19 јуни 2017 (МИА) - Грчките медиуми, засега без коментари, објавуваат извештаи за вчерашната посета на турскиот министер за надворешни работи Мевљут Чавушоглу на Скопје истакнувајќи дека е прв шеф на дипломатија на некоја земја што ја посетил Македонија по изборот на новата Влада.
Очекувано, најголем интерес во Грција предизвика изјавата на Чавушоглу дека Турција го поддржува членството на Македонија во НАТО и оти земјата ја нарекувал со уставното име.
Во однос на македонскиот министер за надворешни работи Никола Димитров, грчките медиуми ја пренесуваат неговата изјава во врска со времената спогодба и одлуката на Меѓународниот суд за грчкото вето за влез на Македонија во Алијансата.
- Ние имаме времена спогодба од 1995 година, како и пресуда на Меѓународниот суд во Хаг од 2011 година, па според тоа таа не би требало да има проблем за да добиеме покана за членство во НАТО под привремената референца БЈРМ. Јас ќе се обидам да ги убедам дека тоа е и во интерес на Грција и ќе се обидам кон правните аргументи да ги додадам и политичките. Сметам дека нашето членство во НАТО ќе има убаво влијание врз стабилноста на регионот, се пренесува во Грција изјавата на Димитров.
Во меѓувреме, „Катимерини“ објави коментар во кој пишува дека месец јули ќе биде тежок за грчката дипломатија и во кој кусо се осврнува и на односите меѓу Македонија и Грција, констатирајќи дека е очигледно оти е во интерес на Грција да се најде решение за името.
- Со оглед на натрешната политичка рамнотежа, Ципрас има минимален простор за маневрирање. Новата Влада во Скопје се обидува да не убеди дека таму нешто е променето после смената од власт на Груевски. Сепак, ќе бидат потребни конкретни чекори и повлекувања за да се сврти страница во овој проблематичен однос, коментира весникот.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Седат Буш и Пауел во кафич и прават муабет. Влегува човек во кафичот, ги гледа двајцава и не му се верува дека се таму. И приоѓа на маса и ги прашува:
- Абе, вие Буш и Пауел...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1533.- Роден е холандскиот државник Вилхелм I...
1731.- Умре англискиот писател Даниел Дефо, кој...
1815.- Роден е англискиот писател Ентони Тролоп...
1854.- Врховниот суд на САД донесе пресуда дека...