Во Делчево до јуни исплатени 123.000 денари парична поддршка за новореденчиња

Делчево, 19 јуни 2017 (МИА) - Општина Делчево во петте месеци од оваа година вкупно исплатила 123 илјади денари по програмата за поддршка на родителите кои во тековната година имаат новородено дете. Како што истакна Сузана Петровска, раководител на Одделението јавни дејности, заклучно со крајот на мај оваа година, правото за паричен надомест за новороденче, во износ од 3.000 денари, го искористила вкупно 41 мајка.
- Исплатени се онолку средства колку што има поднeсено и барање за користење на овој надомест, кој oпштина Делчево го доделува веќе 7 години, се со цел да го стимулира наталитетот на жителите на општината и да го подобри семејниот буџет на младите родители. За оваа намена од bуџетот на општина Делчево за 2017 година се исплатени вкупно 123.000 денари плус персонален данок, истакна Петровска.
Таа додаде дека овие средства се исплаќаат редовно, а од 2013 досега се исплатени вкупно 1,4 милиони денари.
- Во 2013 година за 109 новородени се исплатени вкупно 327 илајди денари, за 2014 по поднесени 105 барања исплатени се 315 илјади, во 2015 година исплатени се 327 илјади денари по поднесени 109 барања, додека во 2016 година за поднесени 119 барања се исплатени 357 илјади денари, рече Петровска.
Таа потенцираше дека општина Делчево на секое прво новородено дете во годината исплаќа по 10 илјади денари.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Муабетат двајца пријатели во кафана:
- Абе, знаеш дека од една пијачка ме фаќа?
- Ај, шо збориш, од една само???
- Да бе, и тоа обично шестата.

* * *
Прашува едно дете...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект "Санација на трупот на патот кај...
Верски календар
На денешен ден
1461.- Во најкрвавата битка во Војната меѓу двете...
1772.- Умре шведскиот филозоф Емануел...
1792.- Умре шведскиот крал Густав Трети, 13 дена...
1809.- Шведскиот крал Густав Четврти мораше да...