Стојан Тарапуза и Еќрем Баша од Косово добитници на „Книжевно жезло“ за 2017

Скопје, 22 јуни 2017 (МИА) - Македонскиот поет, писател за деца и антологичар Стојан Тарапуза и косовскиот поет академик Еќрем Баша се добитници на наградата „Книжевно жезло“ за 2017, што Друштвото на писателите на Македонија ја доделува за поетски опус со високи естетски вредности.
Наградите им беа врачени денеска на 21. издание на Меѓународната книжевна манифестација „Празник на липите“, што се одржува во рамки на програмските активности на ДПМ.
Во име на Советот на манифестацијата „Празник на липите“ се обрати писателот Владимир Мартиновски, кој истакна дека извонредните поетски светови на лауреатите се среќаават и сплотуваат меѓу кориците на повеќејазичното издание „Книжевно жезло 2017“. Друштвото на писателите објави посебна публикација со избор од поезијата на лауреатите на македонски, албански и англиски јазик.
Поетот Борче Панов се осврна на животот и делото на Стојан Тарапуза, кој како што рече, ни ја покажа силата на зборовите.
- Несомнено неговиот поетски израз е говор кој истовремено се обраќа и до детето, но и кон детето што светка во очите на возрасните со што се добива една чудесна димензија на еден универзален јазик кој пленува со раскошот на својата едноставност, рече Панов.
Македонската култура, како што рече, навистина може да се гордее со една ваква поетска величина.
Наградениот Тарапуза се заблагодари рецитирајќи свои песни, а за наградата рече дека го обврзува и го поттикнува да создава и во иднина.
Академик Али Алиу го претстави творештвото на Баша, кое со посебни книги е преведено на повеќе јазици, англиски, француски, германски и на повеќе словенски јазици во најпрестижните издавачки куќи. Баша преведува од француски, италијански и словенски јазици.
- Посебност на неговата творечка физиономија е спонатноста и природноста со која ги совладува жанровските можности во книжевното творештво. И во поезијата, романите и во раскажувачката проза е глас на себе си. Таков е и во есеистиката, посебно кај размислувањата околу ликовната уметност, рече Алиу.
Еќрем Баша се заблагодари за нагрдата и за укажаната чест. Изрази балгодарност до своите македонски колега и до претседателот на ДПМ Веле Смилевски.
Покровител на манифестацијата „Празник на липите“ е градоначалникот на Град Скопје Коце Трајановски. Еќрем Баша беше прогласен и за почесен поет на Скопје.
Стојан Тарапуза е роден во Злетово, во 1933 година. Автор е на 28 стихозбирки кои оставија свој печат во развојните текови на македонската поезија во изминатите шест децении. Меѓу најзначајните поетски книги на бардот на македонската книжевна сцена Стојан Тарапуза, се вбројуваат: „Црвено растење“, „Во каменот ден““, „Мудрословија“, „Цвет и злато“, „Деновирки“, „Под стреата на ѕвездите“ и „Скаменет сон“. Неговата поезија во посебни книги и во антологиски и панорамски избори е преведувана на руски, англиски, чешки, српски, бугарски, словенечки, турски, романски, албански, украински и полски јазик. За својот книжевен опус добитник е на врвни признанија, меѓу кои наградите „13 Ноември“, „Ванчо Николески“, „Змаева награда“, „Курирче“ како и на наградата на РТВ Скопје. Член е на ДПМ од 1966 година.
Поетот од Косово Еќрем Баша е роден 1948 година во Дебар. Дебитираше во 1971 година со стихозбирката „Опусите на маестрото“, а потоа објави уште дванаесет поетски книги, меѓу кои „Постојки на благодарните“, „Политикон“, „Ѕвездоморе“, „Атлет на белите сништа“ и „Млечен пат“. Негови песни се застапени во антологии на косовската, албанската и на балканските поезии. Еќрем Баша е редовен член на Академијата на науки и уметности на Косово.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Студенка по медицина полага
испит.
-Колешке,во тестисите на
мажите колкаво количество спер-
ма има?
По кратко размислување.
-Паа,голтка -голтка ипол!
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект "Санација на трупот на патот кај...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на бабите, празник...
1472.- Роден е италијанскиот сликар Бартоломео...
1483.- Во Урбино е роден Рафаело Санти,...
1749.- Во Бомон ан Ож е роден Пјер Симон Лаплас,...