Османи-Гарет: Македонија може да смета на британска поддршка за ЕУ и НАТО

Скопје, 22 јуни 2017 (МИА) - Македонија може да смета на поддршката од Обединетото кралство за своите евро и евро-атлантски аспирации, изјавил денеска Амбасадорот на Обединетото Кралство, Чарлс Едмунд Гарет на средбата со заменик претседателот на Владата задолжен за европски прашања Бујар Османи.

Како што соопшти СЕП, вицепремиерот Османи го изразил своето задоволство од континуираната поддршка што Република Македонија ја добива од Обединетото Кралство во процесот на европската и евро-атлантската интеграција на земјата и за поддршката и заложбите на Обединетото Кралство кон процесот на натамошно проширување на ЕУ, со што се остава отворена вратата за влез во Унијата на земјите од Западниот Балкан.

Тој посочил дека Амбасадата е доста активна во поддршката на реформите поврзани со евроинтегративниот процес на земјава преку проекти во неколку клучни области: поддршка на реформата на јавната администрација, владеење на правото и фундаментални права, како и поддршка на проекти за спроведување на мерките за борба против корупција.

- Соговорниците се согласија дека Македонија успешно излегува од длабоката политичка и институционална криза во која беше западната изминатиот период и констатираа дека земјата има одлична можност да ја искористи позитивната клима, која владее како во земјата така и кај земјите членки на Унијата и да ги забрза евроинтегративните процеси.

Во тој контекст вицепремиерот посочи на акцискиот план на Владата за спроведување на итните реформски приоритети и обврски кои произлегуваат од Пржинскиот договор, препораките на ОБСЕ/ОДИХР како и препораките на Венецијанската комисија, забелешките нотирани во извештаите на Европската комисија, забелешките нотирани во Извештајот на Прибе итн, се наведува во соопштението.

Двајцата соговорници, се додава, изразиле задоволство од развојот на настаните во земјата, како и од развојот на односите меѓу двете земји, при што констатирале дека соработката ќе продолжи и во иднина, а Македонија ќе може да смета на поддршката од Обединетото кралство за своите евро и евро-атлантски аспирации.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Студенка по медицина полага
испит.
-Колешке,во тестисите на
мажите колкаво количество спер-
ма има?
По кратко размислување.
-Паа,голтка -голтка ипол!
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект "Санација на трупот на патот кај...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на бабите, празник...
1472.- Роден е италијанскиот сликар Бартоломео...
1483.- Во Урбино е роден Рафаело Санти,...
1749.- Во Бомон ан Ож е роден Пјер Симон Лаплас,...