Изложба „Словенечкиот стрип од класици до иднина - ретроспектива“ Скопје, 23 јуни 2017 (МИА) - По повод на националниот ден на Република Словенија и 25-годишнината од воспоставување дипломатски односи меѓу Словенија и Македонија, вечер ќе биде отворена изложбата „Словенечкиот стрип од класици до иднина - ретроспектива“. Свои дела ќе изложуваат словенечките карикатуристи Мики Мустер, Томаж Лавриќ, Зоран Смилјанич, Бернард Колле, Игор Рибич, Костја Гатник и Душан Кастелиц. Изложбата е во фоајето на Македонска опера и балет.
|