Поддршка од Норвешка за НАТО и ЕУ интеграцијата на Македонија

Норвешка го поддржува приемот на Македонија во НАТО и ЕУ и е подготвена да и помогне во тој процес, истакна норвешкиот министер за надворешни работи Борге Бренде по денешната средба во Скопје со шефот на македонската дипломатија Никола Димитров.

Бренде рече дека Норвешка има силно партнерство со Македонија и има долги историски врски.

- Ги поддржуваме аспирациите на Владата за зачленување во евро-атлантските организации и сме фокусирани на развивањето на инклузивноста во Македонија. Се надевам дека ќе има делотворна соработка во Парламентот. Тоа што може да се научи од Норвешка е дека пред 100 години бевме една од најсиромашните земји, а сега сме една од најразвиениет што е овозможено со инклузивност и демократија, изјави Бренде на заедничката прес-конференција со Димитров.

Македонскиот министер за надворешни работи Димитров рече дека иако ова било нивна прва средба, таа била љубезна и отворена.

- Ова е посета на министер за надворешни работи на Норвешка по шест години. Разговаравме за односите меѓу двете земји, кои се блиски и пријателски. Идната година правиме 25 години дипломатски односи и има потенцијал тоа да се развие во многу области, изјави Димитров.

Посочи дека ги презентирал на норвешкиот колега приоритетите на новата Влада и во делот на НАТО и ЕУ интеграциите, и во делот на добрососедските односи, но и во делот на тоа што се прави за силни институции, закон за сите, владеење на правото и слободни медиуми.

- Поддршката од Норвешка и претходно и сега за нашиот северно-атлантски пат стои. Особено во овој момент за регионот поддршката за покана во членство во НАТО за Македонија ќе има многу смирувачки и корисен ефект и за Македонија, и за Балканот и за НАТО Алијансата, рече Димитров.
Прашан дали по Бугарија планира посети и на другите соседни држави, Димитров рече дека сака Македонија да биде многу блиска и има пријателски односи со сите.
- Денеска заедно со министерот Бренде, кој е така љубезен што ќе не прими во норвешкиот авион, ќе одиме заедно во Белград на инаугурацијата на претседателот Вучиќ. Имавме изборни циклуси со Албанија и Косово и веќе имаме комуникација и многу брзо и тие земји ќе бидат посетени. Било каков успех на една земја на Балканот е успех за целиот регион, ние или ќе успееме сите заедно или ќе одиме надолу. Со таква порака ќе бидат посетени сите земји, рече Димитров.
На новинарско прашање за тоа што вклучува договорот за добрососедство со Бугарија, Димитров рече кога се преговара преку јавност и јавни изјави резултатот е полош, а кога се преговара зад затворени врати и се носи проценка кога треба целосно да се вклучи јавноста резултатот е подобар.
- Можам да кажам дека основата на тој договор е декларацијата што ја потпишаа премиерите на двете земји од 1999 година. Во таа декларација го има Македонскиот јазик и договорот нема да оди назад од таа декларација, рече Димитров.
Посочи дека ако Македонија има европска демократија и судови, што се предуслови за економски просперитет и добрососедски односи со соседите, веројатно ќе стане и поатрактивна за членките на ЕУ, и дека мал парадокс е дека на некој начин ќе бидеме поинтересни тогаш, кога членството ќе ни стане помалку важно.
Норвешкиот министер Бренде, прашан дали Кралството Норвешка размислува повторно да отвори амбасада во Македонија, рече дека ги разгледуваат сите можности за интензивирање на партнерството со Македонија и планираат двојно да ги зголемат напорите за таа цел.
- Имаме амбасадор кој напорно работи и тука е присутен. Мислам дека повеќе време поминува во Скопје во изминатите месеци, отколку што е во Белград. Во право сте, амбасадата ја затворивме во 2012 година и секогаш ќе го имаме во предвид ова прашање кога во развојот на нашите партнерски односи и напредокот на Македонија, рече Бренде.
Министерот за надворешни работи денеска треба да се сретне и со претседателот Ѓорге Иванов и со премиерот Зоран Заев.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Муабетат двајца пријатели во кафана:
- Абе, знаеш дека од една пијачка ме фаќа?
- Ај, шо збориш, од една само???
- Да бе, и тоа обично шестата.

* * *
Прашува едно дете...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект "Санација на трупот на патот кај...
Верски календар
На денешен ден
1461.- Во најкрвавата битка во Војната меѓу двете...
1772.- Умре шведскиот филозоф Емануел...
1792.- Умре шведскиот крал Густав Трети, 13 дена...
1809.- Шведскиот крал Густав Четврти мораше да...