Сакаме да градиме добрососедски односи, но базирани на взаемно почитување

Скопје, 26 јуни 2017 (МИА) - ВМРО-ДПМНЕ е за градење на добрососедски односи базирани на взаемно почитување и ќе поддржи се што е во насока на подобрување на односите со соседите, но ништо што е во спротивност со интересите на македонскиот народ и држава, порачува партијата во пишано соопштение до медиумите.

- Шести ден како Заев молчи и крие од македонските граѓани што договорил во Софија. Во текот на изборната кампања на големо ветуваше експертски дебати и јавни расправи за секое поголемо прашање од значење за Република Македонија, Заев од Софија кажа дека договорот е речеси постигнат, а останува уште едно кафе пиење за да се заврши, без притоа да ги информира граѓаните што тоа преговарал и речеси договорил. Заев од Софија кажа дека ќе се бришат одредени термини од македонските учебници по историја, без притоа да каже кој и како ќе одлучува што треба да биде избришано, се вели во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.

Заев, се додава, во Бугарија јавно ја обвини Република Македонија дека ширела национализам и омраза во минатото, без притоа да прецизира кон кого тоа ширела нашата држава национализам.

- Додека Заев ја обвинува сопствената држава за национализам, молчи и не ги осудува националистичките изјави на Божидар Димитров, според кого македонскиот јазик е бугарски дијалект, ниту, пак, на сопартиецот на Каракачанов, Вангелов, според кого Македонија и Бугарија немаат заедничка историја, туку иста историја. Заев молчи и не реагира на нападите врз Република Македонија, иако како премиер е должен да го штити нејзиниот интерес, се нагласува во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Студенка по медицина полага
испит.
-Колешке,во тестисите на
мажите колкаво количество спер-
ма има?
По кратко размислување.
-Паа,голтка -голтка ипол!
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект "Санација на трупот на патот кај...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на бабите, празник...
1472.- Роден е италијанскиот сликар Бартоломео...
1483.- Во Урбино е роден Рафаело Санти,...
1749.- Во Бомон ан Ож е роден Пјер Симон Лаплас,...