Обука за жените од етничките заедници во Штип

Штип, 28 јуни 2017 (МИА) - Во Штип денеска се реализира обука за над 40 жени од етничките заедници. Обуката е дел од проектот „Таа гради иднина“ во рамки на кој досега жените од етничките заедници стекнале комуникациски вештини, знаење за да изработат бизнис план, а издвоени се и средства за бесплатни курсеви.
Според проект менаџерот Драган Периќ, целта е јакнење на капацитетите на жените за да бидат поконкурентни на пазарот на трудот.
- Во текот на работата забележавме дека голем број жени се заинтересирани за конкретни курсеви. Вкупно 170 жени од пет општини учествуваат на козметички, фризерски и шивачки курсеви. Во Штип се вклучени 38 жени кои учествуваат на курсеви по нивна желба, а на крајот од месецот ќе добијат сертификати. Имаме и шест жени кои учествуваат на професионална пракса кај познати работодавачи, изјави Периќ.
Ваџиде Шерифова моментно минува низ професионална обука во патронажната служба во ЈЗУ Здравствен дом „Панче Караѓозов“-Штип. Помага при евиденција на децата од ромската заедница кои треба да примаат задолжителните вакцини, а учествува и во посетите на родилките и на новороденчињата.
Проектот е финансиран од ЕУ, а го имплементираат НВО Care и граѓанската иницијатива „Антико“. Според нивните анализи, по 1,5 година работа на проектот една петина од 250 жени се вработиле, а се зголемил и процентот на жените кои од пасивни станале активни баратели на работа.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Седат Буш и Пауел во кафич и прават муабет. Влегува човек во кафичот, ги гледа двајцава и не му се верува дека се таму. И приоѓа на маса и ги прашува:
- Абе, вие Буш и Пауел...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1533.- Роден е холандскиот државник Вилхелм I...
1731.- Умре англискиот писател Даниел Дефо, кој...
1815.- Роден е англискиот писател Ентони Тролоп...
1854.- Врховниот суд на САД донесе пресуда дека...