Костовски: СДСМ порача дека единствен закон кој тие го признаваат е законот на партиската книшка

Скопје, 28 јуни 2017 (МИА) - СДСМ им порача на граѓаните дека единствен критериум и закон кој тие го признаваат е законот на партиската книшка, изјави Дарко Костовски од ВМРО-ДПМНЕ.
- За нив тоа е лична карта од која зависи дали некој ќе земе пензија, ќе се вработи, ќе му биде пружена лекарска помош, ќе добие социјална помош, ќе може да извади имотен лист. Ваквото признание е фрапантно. Не смееме да дозволиме масовна партизација и зграпчување на целиот систем препуштајќи на самоволието на една партија, изјави Костовски.
Остварувањето, продолжи Костовски, на основните човекови права е столбот во едно општество и нивното остварување не треба да зависи од тоа дали некој е или не е член на СДС.
- Строга нотирана насока од страна на Европската Унија е задржувањето на департизиран систем. Она што го кажа пратеникот од СДСМ е се само не е тоа. Затоа апелираме и од Европската унија одблиску да го следи работењето на СДС, да реагира и го осуди ваквото однесување кое во спротивност со препораките од Европската комисија, изјави Костовски.
Нагласи дека ниту СДС ниту Зоран Заев не се одзвал на апелот да го разрешат од партија и исклучат од пратеничката група на СДС пратеникот Курто Дудуш кој го даде ова фрапантно признание.
- Тоа значи дека СДС не само што искрено не го осудува, туку и дава поддршка и стимулира ваков систем на работење, изјави Костовски.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
На испит на Медицински факултет, професорот ја прашува студентката.
- Колку сперматозоиди има во тестисите на машки полов орган?
По кратко размислување...
- Пааа отприлика...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на културното наследство
1828.- Во Бордо умре Франциско Хосе де Гоја,...
1844.- Во Париз е роден Жак Анатол Франс Тибо,...
1859.- Умре францускиот историчар и политичар...