Заев-Јанакакис: Позитивна атмосфера за градење доверба и продлабочување на соработката

Скопје, 28 јуни 2017 (МИА) - Премиерот Зоран Заев денеска се сретна со амбасадорот на Грција во Македонија, Димитрис Јанакакис, на која, како што соопшти владината служба за информирање, разговарале за можностите што ги отвораат политиките на пријателство и на соработка во духот на меѓусебно почитување, што ги покажуваат владите на двете земји.
Констатирано е дека е создадена позитивна атмосфера за градење доверба и за продлабочување на соработката меѓу Македонија и Грција, за што постои изразена волја од двете страни.
- Пративме позитивни сигнали за добрососедска соработка, затоа што новата Влада е определена кон примена на европските вредности и на политики на градење мостови. Добиваме назад позитивни сигнали од нашите соседи, што го сметаме за голем исчекор во развојот на добрососедските односи и во отворањето перспективи за граѓаните и за Република Македонија, рекол на средбата премиерот Заев.
Повторил дека стратешки определби на Македонија се членство во Европската унија и во НАТО. Новата Влада, соопштил, е силно фокусирана кон потребниот реформски процес за евроатлантските интеграции, преку усвојување конкретен Акциски план, што одразува колку сериозно е посветена да го подигне квалитетот на живот на граѓаните и да обезбеди напредок на државава. - Премиерот Заев и во оваа прилика изрази надеж дека по Црна Гора, Македонија ќе биде следната земја членка на НАТО, стои во соопштението.
Грчкиот амбасадор Јанакакис, пак, според соопштението, изразил подготвеност за соработка меѓу двете земји на различни нивоа. Во таа насока, на средбата се разгледани и можностите, освен за унапредување на политичката клима на доверба, и за интензивирање на соработката меѓу Македонија и Грција на полето на економијата и инвестициите, културата, образованието, екологијата, туризмот, енергетиката, што се практична потреба на граѓаните на двете земји, соопшти службата за информирање на македонската Влада.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Двајца излегле со своите жени низ чаршија да се прошетат но и двајцата ги изгубиле своите жени.
И почнале да ги барат.Барајки ги жените и двајцата се судриле.Првиот рекол:Извини...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
570.- Во Мека е роден Мухамед, основач на...
1653.- Водачот на Англиската револуција Оливер...
1657.- Англиската флота, под команда на адмирал...
1768.- Умре италијанскиот сликар Каналето, еден...