МТСП: Поради топлиот бран, инспекторите за труд на терен и викендов

Скопје, 1 јули 2017 (МИА) - Министерството за труд и социјална политика (МТСП) ги потсетува работодавачите на нивната обрска за почитување на препораките за заштита на работниците, во деновите со неповолни временски услови за работа, односно топлотниот бран кој ја зафати земјата.

На работодавачите им се препорачува да го реорганизираат работното време во насока на избегнување активности на отворено во периодот од 11 до 17 часот.

МТСП информираме дека Државниот инспекторат за труд, во текот на викендот работи со дежурни екипи од 30 инспектори. Прекршувања на препораките може да се пријават на телефонски број 075 402 856, а контакт лице е Слаѓана Андоновска.

Министерството потсетува дека согласно Акцискиот план за превенирање на последиците од топлотни бранови врз населението во Република Македонија, а со цел заштита на здравјето на луѓето, препорачува од работни обврски да бидат ослободени бремените жени и хронично болните лица на возраст над 60 години.

Министерството за здравство препорачува да не се одржуваат спортски активности на отворено во периодот од 11 до 17 часот, а особено се препорачува на установите за згрижување на децата (детски градинки) да не ги изнесуваат децата на отворено и да не практикуваат физичка активност во истиот период.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...