ВМРО-ДПМНЕ: СЈО е алатка на СДС

Скопје, 18 јули 2017 (МИА) - ВМРО-ДПМНЕ смета дека СЈО е алатка за притисок врз ВМРО-ДПМНЕ по потребите на СДС и оти сите случаи и обвиненија кои тие ги покренале биле политички мотивирани, без основни докази и крајно неаргументирани.

Според партијата, случајот „Транспортер“ е типичен пример за политички инспирирана хајка и креирање случај и таму каде што го нема, со единствена цел давање материјал за негативна кампања и оцрнување на ВМРО-ДПМНЕ помеѓу граѓаните, со цел политичка корист за СДСМ.

- СЈО во обвинението „Транспортер“ се служи со целосни конструкции и свесно создадени лаги. Тезата на СЈО дека градоначалникот на Битола заедно со општинскиот претседател на Комисијата за јавни набавки и група превозници постапувале незаконски при тендерите за превоз на ученици е невистинита. Исто како што е неточно дека општина Битола го плаќала најскапиот превоз во светот. СЈО изнесе лажни сензационалистички наводи дека јавниот превоз во градот Битола е поскап од тој во Токио, што е груба манипулација со фактите со цел свесно лажење на граѓаните, изјави денеска Дарко Костовски од ВМРО-ДПМНЕ.

Тој појасни дека цената на превозот на ученици во Битола е постигната во законски спроведена постапка и оти доколку СЈО сакало да истражува вистински криминал за транспорт на ученици, наместо во Битола можело да прочепка во Струмица каде превозот на ученици што го плаќа општината е, како што рече, двојно поскап од тој во Битола.

Од партијата сметаат дека СЈО не смеело да го истражува транспортот на ученици во општина Струмица, затоа што таму градоначалник бил Зоран Заев.

Според Костовски, сите досегашни постапки на СЈО од неговиот почеток до денес, само го потврдуваат фактот дека тие, како што рече, се алатка за една употреба на СДСМ, со цел оцрнување на ВМРО-ДПМНЕ.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...