Зголемена потрошувачката на вода во Крива Паланка

Крива Паланка, 20 јули 2017 (МИА) - Потрошувачката на вода во Крива Паланка е зголемена, но издашноста на изворите од Калин Камен е доволна и нема проблем со водоснабдувањето во градот, информира јавното претпријатие „Комуналец“ во Крива Паланка.
Во периодот на екстремно високи температури потрошувачката на вода достигнала и до 70 литри во секунда.
- Нормалната потрошувачка на вода е од 20 до 30 литри во секунда, додека во деновите кога владееја тропски температури потрошувачката беше и до 70 литри во секунда. Во моментот дотурот на вода од Калин Камен изнесува 50 литри во секунда, но имаме и доволно залихи, четири резервоари со капацитет 1700 метри кубни вода кои ги задоволуваат потребните количини и нема недостиг на вода, изјави директорот на ЈП Комуналец, Томе Тодоровски.
Тој напомена дека потрошувачката на вода годинава е минимално зголемена во однос на минатото лето, а со падот на температурите опаѓа.
- Квалитетот на водата е согласно Законот за води и законските и стручни прописи по Правилникот за безбедност на вода и тој редовно се следи од страна на нашите стручни лица. Следењето на квалитетот на водата за пиење е преку повеќе параметри, меѓу кои микробиолошкиот состав, како и физичко-хемискиот состав, кој подразбира испитување присуство на пестициди, паразити и радиоактивни честици. Сите параметри редовно се испитуваат во Центрите за јавно здравје, потенцира Тодоровски.
Според него, квалитетот на водата за пиење во Крива Паланка е одличен.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...