СДСМ: Успехот од потпишувањето на договорот со Бугарија е заеднички за сите граѓани

Скопје, 21 јули 2017 (МИА) - СДСМ во писмената реакција на денешната прес-конференција на Илија Димовски од ВМРО-ДПМНЕ нагласува дека договорот за добрососедство со Бугарија јасно ја реафирмира позицијата дека се работи за две посебни држави, два посебни народи и два посебни јазика.

- Со потпишувањето на Договорот, Македонија станува пример за соработка на Балканот, бидејќи ретки се државите во регионот кои отворените прашања ги решаваат заемно и по сопствена волја. Успехот од потпишувањето на Договорот е заеднички на сите граѓани и на сите досегашни влади, бидејќи ќе се финализираат преговорите што се започнати во 2009 година.

Владата предводена од СДСМ води политика на пријателство и соработка и ги решава сите отворени прашања на Република Македонија како на надворешен така и на внатрешен план и затоа од особена важност е ВМРО-ДПМНЕ да учествува во заедничкиот успех и да даде поддршка на овој Договор, се вели во реакцијата.

Притоа се посочува дека 11 години ВМРО-ДПМНЕ ја изолирала Македонија и ја нарушувала нејзината меѓународна позиција, додека новата Влада ја зајакнува позицијата на Македонија и ги отвора нејзините евроатлански перспективи.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...