Во Крива Паланка изведена монодрамата „Песни за татковината"

Крива Паланка, 22 јули 2017 (МИА) - Поеми од Никола Јонков Вапцаров интерпретирани во вид на монодрама насловена „Песни за татковината" од актерот Петар Темелковски беа претставени синоќа во Крива Паланка.
- Ова се поеми од Вапцаров, а јас сум комплетен автор на монодрамата создадена по повод 75 -годишнината од неговото убиство кое се случило далечната 1942, на 22 јули. Првпат ја изведувам во Крива Паланка, а премиерата беше во Велешкиот театар на 5 април. Вечерва е 17-та изведба во вашиот град. Задоволен сум од публиката која добро ми е позната, како и јас на неа, бидејќи ја имав честа да добијам и награда за животно дело на театарскиот фестивал. Ова е јубилеј и ќе ја играм во сите поголеми градови, а настапив со неа во Битола на Битфест на петти овој месец, изјави Темелковски.
Настанот беше дел од Кривопаланечкото културно лето 2017, кое го организира локалната самоуправа на општина Крива Паланка во соработка со Центарот за култура и Градскиот музеј од Крива Паланка.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
На испит на Медицински факултет, професорот ја прашува студентката.
- Колку сперматозоиди има во тестисите на машки полов орган?
По кратко размислување...
- Пааа отприлика...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на културното наследство
1828.- Во Бордо умре Франциско Хосе де Гоја,...
1844.- Во Париз е роден Жак Анатол Франс Тибо,...
1859.- Умре францускиот историчар и политичар...