Пронајдено оружје и муниција во канал кај Блаце

Припадниците на МВР по преземени мерки и активности во атарот на сeло Блаце, поточно во близина на регионалниот пат кон Косово, во канал покрај земјен пат денеска пронашле и одзеле оружје и муниција.

- Од страна на Единицата за недозволена трговија при Секторот за внатрешни работи Скопје во соработка со Управата за безбедност и контраразузнавање, а во содејство со Единицата за брзо распоредување, Единицата АЛФА и Единицата за увид на местото на настанот и анализа, преземени се мерки и активности во атар на с. Блаце, поточно во близина на регионалниот пат кон Косово, при што во канал покрај земјен пат пронајдени се два рачни ракетни фрлачи М57, седум рачни бомби, пет запалки за рачни бомби, пушкомитралез од кинеско производство, пушкомитралез со пригушивач за пламен 7,62 мм од руско производство, автоматска пушка АК 7,62 мм, три празни рамки за автоматска пушка и три вреќи со вкупно 2141 куршуми калибар 7,62 мм, стои во соопштението.

На местото на настанот, од страна на Секторот за внатрешни работи Скопје бил извршен увид и пронајдените предмети се подигнати, по што со наредба од јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје ќе бидат предадени на Одделот за криминалистичко - технички испитувања и вештачења при МВР заради изготвување вештачење.

Секторот за внатрешни работи Скопје презема мерки и активности за целосно расветлување на настанот, по што во консултација со надлежното Основно јавно обвинителство Скопје ќе следуваат соодветни поднесоци.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Двајца излегле со своите жени низ чаршија да се прошетат но и двајцата ги изгубиле своите жени.
И почнале да ги барат.Барајки ги жените и двајцата се судриле.Првиот рекол:Извини...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
570.- Во Мека е роден Мухамед, основач на...
1653.- Водачот на Англиската револуција Оливер...
1657.- Англиската флота, под команда на адмирал...
1768.- Умре италијанскиот сликар Каналето, еден...