Премиерот Заев се сретна со амабасадорката Сибил Сутер Тејада

Скопје, 24 јули 2017 (МИА) - „Планот 3-6-9“ и вработувањето на младите беа тема на разговор на денешната средба во Скопје меѓу премиерот Зоран Заев и амбасадорката на Швајцарија во Република Македонија, Сибил Сутер Тејада.

На средбата, информираат од владината прес-служба, беше реафирмирана поддршката што Швајцарија и ја пружа на Македонија, особено во аспирациите кон полноправно членство во ЕУ и НАТО.
- Премиерот Заев ја информираше амбасадорката за реформските процеси од „Планот 3-6-9“, за интензивираната регионална соработка и за цврстата одлучност земјата да работи на спроведување на реформите кои ќе обезбедат независни професионални институции во служба на граѓаните, правна држава и квалитетен животен стандард, се вели во соопштението од Владата.

За новата владина програма, се додава, амбасадорката истакнала дека содржи проекти кои се од значаен интерес за граѓаните и ја изразила подготвеноста на Швајцарија да ги поддржи ваквите проекти со цел да се унапреди економскиот развој, демократскиот капацитет на водење на земјата на локално и централно ниво.

За таа цел, амбасадорката Тејада го информирала премиерот Заев и му ја врачила долгорочната Стратегија за соработка меѓу двете земји со којашто Швајцарија планира значително да и помогне на Македонија во понатамошниот напредок и развој. Поддршката главно се однесува на програми за унапредување на работата на Парламентот, програми за унапредување на изборниот процес како и поддршка за развој на стручното образование во приватниот сектор.

- Имаме огромна желба да ги отвориме перспективите за вработување на младите луѓе овде во Македонија. За таа цел, со ребалансот на Буџетот планираме од септември да го стартуваме проектот „Гаранција за млади“ со кој државата ќе овозможи за младите луѓе вработување, пракса или тренинг по завршувањето на нивното образование. При креирањето на оваа мерка ги имавме во предвид и позитивните резултати што ги дадоа проектите поддржани од швајцарската амбасада токму во овој дел, рекол премиерот Заев.

На средбата заеднички било констатирано дека плодната соработка и размената на искуства помеѓу двете земји ќе продолжат во насока на отворање на економски перспективи за напредок, унапредување на меѓуетничките односи и зајакнување на демократските капацитети.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...