Македонија и Бугарија ќе ја продлабочат соработката во областа на енергетиката

Скопје, 26 јули 2017 (МИА) - Македонија и Бугарија ќе ја продлабочат соработката во енергетиката преку разгледување на можноста за изградба на ново интерконективно гасно поврзување меѓу гасните системи на двете земји.
Тоа, како што информира БТА, се предвидува во меморандумот за соработка меѓу Министерството за економија и бугарското Министерство за енергетика, што на денешната седница го одобри Владата на Бугарија.
За исполнување на целите од меморандумот ќе биде создадена меѓудржавна работна група за гас, која шест месеци по стапувањето на документот на сила ќе треба да подготви нацрт технолошко-економски елаборат за изградба на новото гасно поврзување. Во документот треба да бидат содржани анализи на техничките, пазарните, економските, финансиските и регулаторните аспекти на проектот и да се идентификуваат решенија за неопходната инфраструктура на територијата на двете држави.
Потпишувањето на меморандумот е во согласност со целите на соработката во областа на енергетиката меѓу двете земји, создавањето регионален енергетски пазар во Југоисточна Европа и целосната интеграција со внатрешниот енергетски пазар на енергетската заедница.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Седат Буш и Пауел во кафич и прават муабет. Влегува човек во кафичот, ги гледа двајцава и не му се верува дека се таму. И приоѓа на маса и ги прашува:
- Абе, вие Буш и Пауел...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1533.- Роден е холандскиот државник Вилхелм I...
1731.- Умре англискиот писател Даниел Дефо, кој...
1815.- Роден е англискиот писател Ентони Тролоп...
1854.- Врховниот суд на САД донесе пресуда дека...