Арсовски: Продолжува партизацијата на институциите

Скопје, 27 јули 2017 (МИА) - ВМРО-ДПМНЕ денеска го обвини СДСМ дека продолжува да ги полни институциите со партиски кадри и оти тоа го прави со кршење на законот.
Димче Арсовски, потпретседател на УМС на ВМРО-ДПМНЕ денеска пред Министерството за економија изјави дека според информациите од медиумите во ова Министерство за државен секретар бил поставен Зоран Павловски од позицијата раководител на сектор за администрирање на приходи, локален економски развој и стратешко планирање во Општина Куманово, а не од вработените во Министерството, со што, вели, бил прекршен законот за административни службеници. Потсети и на ист ваков случај од пред неколку дена во Министерството за здравство каде бил именуван за државен секретар Владимир Милошев претходно вработен во клиничката болница во Штип
- Ова преставува класично непочитување на законите и за тоа некој еден ден ќе сноси санкција. Ова е класично рушење на институциите во Македонија. Да биде иронијата поголема денес случајот со именувањето на државниот секретар во Економија се врши пред носот на Агенцијата за државни службеници. Тие со министерството за економија делат еден ист објект, ама абер немаат да реагираат на ваквите груби кршења на законот со што се загрозува функционирањето на администрацијата.
Според него, ова не е само партизирање на институциите, туку, и рушење на системот преку непочитување на законските одредби“.
- Со овие кадровски решенија СДС го доведува во прашање нормалното функционирање на администрацијата во министерствата и спроведувањето на нивната основна должност да бидат сервис на граѓаните и да одговараат на нивните потреби и барања, вели Арсовски и најави одговорност за сите вакви незаконски однесувања и кршење на законите.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...