Попоски: Договорот со Бугарија да се корегира во делот на националните интереси

Скопје, 27 јули 2017 (МИА) - Пратеникот Никола Попоски од ВМРО-ДПМНЕ и поранешен министер за надворешни работи денеска изјави дека за Договорот за добрососедство со Бугарија да добие поддршка од неговата партија во Собранието во него мора да се направат корекции во делот на македонските национални интереси.
- Овој договор целосно ги исполнува бугарските интереси, и нема дилема кон тоа и ние не треба да имаме негативни чуства кон тоа бидејќи легитимно е бугарската влада да се бори за бугарските интереси. Неопходно е и македонската страна да издејствува споменување на народот, на македонскиот јазик, не релативизирање, и јасно дефинирање на овие аспекти со цел и ние да се чуствуваме поконфорно, истакна Попоски на прес-конференција во Собранието.
Во ниту еден од овие предлози, како што кажа тој, нема нарушување или штета за македонската страна туку има само афирмација и за граѓаните на Република Македонија да се чуствуваат комотно со еден ваков договор.
- Од резултатот од тоа поместување сметам дека ќе може да се заклучи дали договорот ќе добие или нема да добие поддршка, посочи Попоски.
Од самиот почеток на овој процес ВМРО-ДПМНЕ, рече Попоски, цени дека Договорот со Бугарија треба да биде во форма која треба да добие најширока јавна поддршка и оти не смее да биде предмет на дневна политика, пред се, поради чуствата на нашите граѓани и сите оние кои се засегнати.
- Владата има одговорност да издејствува фер договор кој ќе затвара проблем, а не некој кој ќе креира фрустрации на патот кон ЕУ, смета Попоски.
Во однос на заедничките интереси на двете земји значајно, според него, е да се истакне дека членството на двете земји во НАТО и во ЕУ е тоа што не спојува и тоа кон што треба да гледаме.
Во однос на различните интереси, Попоски посочи дека бугарски интерес е вметнување на заедничката историја како категорија во овој договор, што го нема во Декларацијата од 1999 година, и уште повеќе воведување комисија, која е на некој начин попатна станица за секое наше отворање на поглавја на патот за членство во ЕУ.
- Воедно бугарски интерес е и да се опстои во една позиција на давање на гаранции од македонска страна за немешање во внатрешните работи на Република Бугарија нешто за што ние сме се обврзале и во минатото и нашиот Устав и нешто за што нема никава основа да се чуствува дека претставува закана за земја - членка во НАТО и во ЕУ, со оглед на фактот дека Македонија сака да биде дел од тоа семејство, рече Попоски.
Во однос на македонските интереси ВМРО-ДПМНЕ инсистира и опстојува на фактот дека треба да стои формулацијата за македонски народ, а да не се случи дека има негово изоставување и дека формулацијата за македонски јазик како уставна категорија не е доволно квалитетна и не соодветствува на вредностите кои треба би можеле да ги застапуваме како европски вредности во 2017 година.
- Се работи за јазик кој е кодифициран многу пред независноста на Република Македонија, јазик кој бил официјален јазик и претходно и доколку сме согласни дека и земјите-членки на ЕУ ги почитуваат тие вредности не би било коректно македонскиот јазик да се сведе на уставна категорија дотолку повеќе што аргументот дека таа формулација се користела во 1999 година во Декларација не држи со оглед на тоа што имаме нови елементи кои не биле содржани во Декларацијата од 1999 година, а кои се дел од Договорот или Нацрт-договорот кој беше презентиран од Владата за 2017 година, истакна Попоски.
Поранешниот министер за надворешни работи посочи на, како што кажа, француско - германскиот модел на помирување, најчесто споменуван успешен модел на помирување поврзан со европската интеграција.
- Тоа што е значајно да се разграничи во овој контекст е дека Франција и Германија не спорат за историјата, ниту Франција на Германија и ја оспорува посебноста на јазикот или на народот, ниту, пак, обратно Германија и ја оспорува на Франција посебноста на народот и на јазикот. Доколку сме согласни дека ова е моделот на кој се базира европската интеграција тој модел би требало еднакво да се применува и помеѓу денешни земји од кои едната е дел од ЕУ, а за другата Бугарија се обврзала дека ќе ја поддржува да стане член, рече Попоски.
Затоа, како што кажа, македонската влада не треба и нема никаква причина да биде засрамена туку треба да се охрабри да ги сподели и да издејствува вакви компромиси.
- Треба отворено и аргументирано да ги претстави да ги одбрани пред нашите партнери во Софија и правејќи го ова да знае дека застапува правични интереси и европски вредности кои никако не се на штета на Република Бугарија, рече Никола Попоски.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Невработена службеничка го прашува директорот:
- Кои се условите да станам ваша секретарка?
- Многу едноставни: сакаш или не сакаш?
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
885.- Во Моравија умре Методиј Солунски, постар...
1587.- Британската флота под команда на адмирал...
1772.- Во Лондон е роден Давид Рикардо, англиски...
1775.- Американската војна за независност почна...