СДСМ: Договорот со Бугарија е во согласност со националните интереси

Скопје, 27 јули 2017 (МИА) - Договорот за пријателство, добрососедство и соработка помеѓу Република Македонија и Република Бугарија е во согласност со националните интереси на Република Македонија и одговара на интересите на граѓаните и на Македонија и на Бугарија, се наведува во реакцијата на СДСМ на денешната прес-конференција на пратеникот Никола Попоски.
- Со Договорот се реафирмира позицијата дека се работи за две посебни држави, два посебни народи и два посебни јазика, се затвора прашање што непотребно одвлекува внимание и енергија, се забрзува процесот на интеграција во ЕУ и НАТО, а Македонија станува пример за соработка во Југоисточна Европа, стои во соопштението.
Се потенцира дека успехот за постигнатиот договор е заеднички на сите граѓани, партии и сите досегашни влади, бидејки новата Влада го финализира процесот што е почнат во 2009 година, од кога се одржани десет заеднички состаноци на комисии меѓу Република Македонија и Република Бугарија.
- Владата предводена од СДСМ води политика на пријателство и соработка и отчетно и транспарентно ги решава сите отворени прашања на Република Македонија, како на надворешен така и на внатрешен план и затоа, особено важно е ВМРО-ДПМНЕ да учествува и во заокружувањето на процесот и да даде поддршка на Договорот, се наведува во соопштението од СДСМ.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...