Со одлука на Владата 150 милиони денари за ЈП „Македонија пат“

Скопје, 10 август 2017 (МИА) - Јавното претпријатие „Македонија пат“ ќе добие 150 милиони денари со планираните измени и дополнувања на Програмата за одржување и заштита на државните патишта за 2017 година и Годишната програма на Јавното претпријатие за државни патишта.
Тоа е одлучено на вчерашната седница на Владата, која разгледа Информација за решавање на проблемите во Јавното претпријатие за државни патишта и во Јавното претпријатие „Македонија пат“.
- Донесена е одлука претпријатијата да достават измени и дополнувања на Програмата за одржување и заштита на државните патишта за 2017 година и Годишната програма на ЈП за државни патишта за да се обезбедат 150.000.000 денари за потребите на ЈП „Македонија пат“, откако претходно ќе се обезбедат позитивни мислења од министерствата за транспорт и врски, и за финансии, и од Државната комисија за спречување на корупцијата, соопшти владината служба за информирање.
Владиниот кабинет разгледал и информација за формирање работни групи за подготовка на нацрт-текст на нов закон за енергетика. Министерството за економија во координација со Кабинетот на заменик претседателот на Владата задолжен за економски прашања треба да формираат работна група која ќе ги координира активностите поврзани со подготовката на нацрт текст на нов закон за енергетика со претставници од кабинетите нa премиерот, вицепремиерот за економски прашања, Министерството за економија и Регулаторната комисија за енергетика.
Одредбите кои ќе се подготвуваат се однесуваат на пазарот на електрична енергија, пазарот на природен гас, топлинска енергија, нафта и нафтени деривати и обновливите извори на енергија.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Невработена службеничка го прашува директорот:
- Кои се условите да станам ваша секретарка?
- Многу едноставни: сакаш или не сакаш?
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
885.- Во Моравија умре Методиј Солунски, постар...
1587.- Британската флота под команда на адмирал...
1772.- Во Лондон е роден Давид Рикардо, англиски...
1775.- Американската војна за независност почна...