Десеткилометарски олимписки маратон викендов првпат на Охридското Езеро

Охрид, 10 август 2017 (МИА) – Во организација на Клубот за спортови на вода „Охридски бранови 2008“ в сабота на Охридското Езеро ќе се одржи првиот Олимписки пливачки маратон во должина од десет километри.

Маратонот ќе се плива на најатрактивниот дел од езерото, на патека покрај самиот кеј „Македонија“, со старт во 12 часот, а првите пливачи на целта се очекува да пристигнат два часа подоцна.

За регуларноста на трката ќе се грижат судии–делегати на Меѓународната пливачка федерација (ФИНА). Интенција на организаторот е токму овој маратон, како олимписка дисциплина, да стане дел од официјалните натпревари вреднувани и бодувани од ФИНА.

Најавувајќи го маратонот, нашиот поранешен олимпиец во пливање Александар Маленко изрази задоволство што Охрид и Македонија првпат во историјата ќе имаат прилика да организираат пливачки маратон, кој е олимписка дисциплина.

- Ние како охриѓани треба да бидиме почестени, но малку и жалам бидејќи ова можеше да се случи многу, многу порано, затоа што од 2004 година трката на десет километри е олимписка дисциплина.

Сега кога се официјализираше организацијата на маратонот сакам да им се заблагодарам на луѓето од Светската пливачка федерација со кои отворено разговаравме околу сите детали и на Македонскиот олимписки комитет, кој логистички ќе не подржува максимално, изјави Маленко, кој е и иницијатор и дел од организацијата на маратонот во Охрид.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Невработена службеничка го прашува директорот:
- Кои се условите да станам ваша секретарка?
- Многу едноставни: сакаш или не сакаш?
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
885.- Во Моравија умре Методиј Солунски, постар...
1587.- Британската флота под команда на адмирал...
1772.- Во Лондон е роден Давид Рикардо, англиски...
1775.- Американската војна за независност почна...