ДИК од општините побара услови за изборните комисии, 14 септември краен рок за листи на кандидати

Скопје, 11 август 2017 (МИА) - Државната изборна комисија се обратила до сите општини да обезбедат соодветни просторни и технички услови за работа на општинските изборни комисии заради непречено организирање и спроведување на Локалните избори на 15 октомври 2017 година.

ДИК ги известила сите општини и градот Скопје дека се должни најдоцна до 11 август 2017 година јавно да ги објават локациите и цените за закуп на рекламните паноа и билборди, а дека најдоцна до 25 август 2017 општините и градот Скопје се должни да ги објават условите за добивање право за користење на местата за истакнување изборни плакати.

- Исто така, Државната изборна комисија ги извести општините и градот Скопје дека средствата за спроведување на локалните избори се обезбедуваат од буџетот на општината и градот Скопје и со нив располага општинската изборна комисија, односно Изборната комисија на градот Скопје, освен средствата за изборниот материјал кои се обезбедуваат од Буџетот на Република Македонија и со нив располага Државната изборна комисија, соопшти ДИК.

Потсетува дека денеска (11 август 2017) е крајниот рок до кога печатените медиуми и електронските медиуми (интернет-порталите) се должни ценовниците да ги достават до ДИК, Државниот завод за ревизија и Државната комисија за спречување на корупцијата, а радиодифузерите да ги достават и до Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги (АВМУ).

ДИК во известувањето нагласува и дека согласно со Роковникот за извршување изборни дејствија, 14 септември 2017 година е крајниот рок за поднесување листи на кандидати за Локалните избори 2017, а не 9 септември како што објавиле дел од медиумите.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Невработена службеничка го прашува директорот:
- Кои се условите да станам ваша секретарка?
- Многу едноставни: сакаш или не сакаш?
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
885.- Во Моравија умре Методиј Солунски, постар...
1587.- Британската флота под команда на адмирал...
1772.- Во Лондон е роден Давид Рикардо, англиски...
1775.- Американската војна за независност почна...