Средба на Заев со претставници на Фридрих Еберт

Скопје, 11 август 2017 (МИА) - Претседателот на Владата на Република Македонија, Зоран Заев, попладнево се сретна со Милан Живковиќ и Нита Старова, претставници на Канцеларијата на Фондацијата Фридрих Еберт од Германија во Македонија.
Како што соопшти владината прес-служба претставниците на Фридрих Еберт ги поздравиле отворените инклузивни политики на премиерот Заев и на новата Влада во демократските промени во општеството.
На состанокот била разгледана можноста за потпишување меморандум за соработка помеѓу Фондацијата Фридрих Еберт и Владата на Република Македонија. Целта, според прес-службата, е придонес на Фондацијата преку искуствата што ги има во Македонија, како и на експертско ниво во зајакнување на капацитетите на институциите во земјава во областа на образованието, трудот и социјалните политики, надворешната политика, културата, како и други значајни сфери.
- На Република Македонија и се потребни организации и фондации како што е Фридрих Еберт, коишто сакаат и можат да помогнат Република Македонија да се гради во европско демократско општество и Владата подава рака за соработка и благодари на поддршката и интересот, истакнал премиерот Заев.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Жена чека пред телефонска говорница да заврши човекот пред неа, меѓутоа поминуваат 10 минути, а тој не само што не отстапува, туку само седи со слушалката на уво и ништо не...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
СОСТОЈБА: Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. Во западните делови од државата, на повисоките места се бележат врнежи од снег, но...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на книгата и авторското...
1564.- Во Стратфорд е роден Вилијам Шекспир,...
1616.- Во Мадрид умре Мигуел де Сервантес,...
1792.- Создадена е француската химна "Марселеза"...