Втора едночасовна пауза во Собранието

Скопје, 11 август 2017 (МИА) - Претседателот на Собранието Талат Џафери вечерва вторпат прогласи едночасовна пауза на седницата на која се расправа за разрешувањето на државниот јавен обвинител Марко Зврлевски, а на барање на пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Зоран Илиески.
Откако по истекот на претходната пауза продолжи седницата пратениците на ВМРО ДПМНЕ веднаш побараа пауза од еден час, но Џафери даде 10 минутна пауза. По неа тој го повика собраниското обезбедување како реакција на тоа што, како што објасни, пратеник му ја земал картицата.
На распоредувањето на обезбедувањето зад говорницата реагираа пратениците од ВМРО-ДПМНЕ, барајќи тоа да биде повлечено. Во меѓувреме Џафери ја повикуваше пратеничката Павлинче Честојнова која беше на ред за реплика да земе збор. Нејзините сопартијци реакоа дека тоа не може да се случи во присуство на обезбедување. Потоа обезбедувањето беше повлечено, а пратениците се вратија на место.
Следеше излагањето на Честојнова, по што расправата продолжи со процедурални реакции на пратеници од ВМРО-ДПМНЕ и претседателот на Собранието околу тоа кој го крши собранискиот Деловник.
Според најавата од Џафери, расправата ќе продолжи во 21 часот.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Жена чека пред телефонска говорница да заврши човекот пред неа, меѓутоа поминуваат 10 минути, а тој не само што не отстапува, туку само седи со слушалката на уво и ништо не...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
СОСТОЈБА: Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. Во западните делови од државата, на повисоките места се бележат врнежи од снег, но...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на книгата и авторското...
1564.- Во Стратфорд е роден Вилијам Шекспир,...
1616.- Во Мадрид умре Мигуел де Сервантес,...
1792.- Создадена е француската химна "Марселеза"...