Дебата по повод Меѓународниот ден на младите

Скопје, 12 август 2017 (МИА) - Агенцијата за млади и спорт заедно со Националниот младински совет на Македонија денеска по повод Меѓународниот ден на младите организира дебата и дружење во Градски парк кај Школка.
Дебатата ќе биде посветена на Младинската гаранција како една од приоритетните мерки на новата Влада на Република Македонија.
Младинската гаранција нуди шанса за субвенционирани работни места, вработување на младите, обуки, програми за самовработување, пилот програми за млади според локални потреби.
На дебатата предвидено е да говорат директорот на Агенцијата за млади и спорт, Дарко Каевски, пратеникот во Собранието на Република Македонија, Стефан Богоев, како и претседателот на Националниот младински совет на Македонија, Блажен Малески.
Предвиден е и интерактивен дел кадешто присутните ќе поставуваат прашања, ќе даваат предлози и сугестии за зајакнување на улогата на младиот човек во општеството.
По завршување на дебатата ќе бидат доделени благодарници на младите научници и нивните ментори кои освоиле бронзени медали на меѓународните олимпијади по физика, математика, хемија и информатика. Исто така, ќе следи и културно забавна програма, со рок бендови и диџеи.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Седат Буш и Пауел во кафич и прават муабет. Влегува човек во кафичот, ги гледа двајцава и не му се верува дека се таму. И приоѓа на маса и ги прашува:
- Абе, вие Буш и Пауел...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1533.- Роден е холандскиот државник Вилхелм I...
1731.- Умре англискиот писател Даниел Дефо, кој...
1815.- Роден е англискиот писател Ентони Тролоп...
1854.- Врховниот суд на САД донесе пресуда дека...