Топло со температура до 39 степени, попладне дожд

Скопје, 12 август 2017 (МИА) - Во Македонија во текот на денот ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со умерен до засилен ветер, во западните делови од западен и југозападен правец, а во источните од јужен правец. Попладне ќе има локална појава на пороен дожд и грмежи. Кон крајот на денот и во текот на ноќта на места процесите ќе бидат поинтензивни, локално и во форма на невреме со поинтензивен пороен дожд, силен ветер и можна појава на град, особено во североисточните делови.
Утринската температура ќе се движи од 15 до 23 степени, а дневната од 32 до 39 степени.
Во Скопје ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со умерен до засилен ветер претежно од јужен правец. Кон крајот на денот ќе има појава на пороен дожд и грмежи, а можна е и појава на краткотрајно невреме со поинтензивен пороен дожд и силен ветер.
Утринската температура ќе достигне до 20, а дневната до 39 степени.
Во недела ќе преовладува променливо облачно и свежо време со засилен северен ветер, а претпладне и со слаб локален дожд. Максималната температура ќе опадне на места и за повеќе од 10 степени и ќе биде во интервал од 22 до 29 степени. Од понеделник ќе биде стабилно со постепен пораст на дневната температура, но во рамките на просекот за овој период од годината.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Невработена службеничка го прашува директорот:
- Кои се условите да станам ваша секретарка?
- Многу едноставни: сакаш или не сакаш?
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
885.- Во Моравија умре Методиј Солунски, постар...
1587.- Британската флота под команда на адмирал...
1772.- Во Лондон е роден Давид Рикардо, англиски...
1775.- Американската војна за независност почна...