СДСМ: Владата одговорно управува со државните пари

Скопје, 14 август 2017 (МИА) - ВМРО-ДПМНЕ ги задолжуваше граѓаните за луксуз и споменици, Владата предводена од СДСМ го намалува долгот и ја опоравува економијата, наведува СДСМ во реакција на денешното соопштение од ВМРО-ДПМНЕ.

Според СДСМ, ВМРО-ДПМНЕ 11 години неконтролирано ги задолжувала граѓаните и направила јавен долг од над 50 проценти од БДП.

- Наместо таквиот расипнички однос кон парите на граѓаните, Владата предводена од СДСМ одговорно управува со државните пари. Со празните обвинувања за наводно трошење на девизните резерви, ВМРО-ДПМНЕ покажува основно непознавање на управувањето со финансиите бидејќи се работи за плаќање преку единствената државна сметка на кредитите и доспеаните рати за стари долгови. Преку одговорното управување на долговите, јавниот долг на државата денес е намален првпат по 2008 година, стои во реакцијата.

СДСМ истакнува и дека Владата што ја предводат, преку транспарентна и отчетна работа и значителна поддршка за домашното стопанство, активно работи на обезбедување квалитетен животен стандард за граѓаните и опоравување на уништената економија.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Двајца излегле со своите жени низ чаршија да се прошетат но и двајцата ги изгубиле своите жени.
И почнале да ги барат.Барајки ги жените и двајцата се судриле.Првиот рекол:Извини...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
570.- Во Мека е роден Мухамед, основач на...
1653.- Водачот на Англиската револуција Оливер...
1657.- Англиската флота, под команда на адмирал...
1768.- Умре италијанскиот сликар Каналето, еден...