Повик за учество на ликовни уметници на групна изложба „Несовршен простор“

Струмица, 16 август 2017 (МИА) - До први септември е отворен повикот на Здружението за култура „Транзен“ за учество на ликовни уметници на групната изложба „Несовршен простор“ на која ќе биде награден еден сликар и откупено едно ликовно дело.
- Целта на проектот е да ги мотивира и промовира активните сликари кои создаваат автентично творештво во време кога сликарството се истиснува на маргините од сцената, од вакуумот на новите медиуми и услови на брзо и евтино продуцирање визуелни производи. Основната цел е да се награди сликарот кој во своето ателје посветено создава едно сликарско дело, циклус или сликарски концепт, пркосејќи му на брзиот начин на модерното постоење, изјави Никола Пијанманов, академски сликар и проектен менаџер на „Транзен“.
Техниката на сликите е слободна и по избор на авторот, темата и изразот се авторски и слободни, а форматот на делата се ограничува до 100 сантиметри на 80 сантиметри.
Според организаторите, изложбата, која ќе се одржи во октомври 2017 година, ќе биде селективна и курирана од стручна комисија, како и наградената слика.
Апликациите ќе се примаат најдоцна до 1 септември 2017 година. Во приложените конкурсни материјали, покрај квалитетна фотографија од делото, со наслов, димензии, техника и краток концепт, треба да биде доставена и биографија и веб (или фб, инстаграм) страница од творештвото на авторот. Селектираните дела ќе бидат позајмени за реализација на изложбата и потоа вратени кај уметниците.
Откупната награда е во рамки на проектот „Струмица креативен град“ финансиски поддржан од програмата Г1 на општина Струмица. Наградата изнесува 30.000 денари и „Златен лист“ (симболична креација од месинг.) Откупеното дело останува во сопственост на општина Струмица.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Невработена службеничка го прашува директорот:
- Кои се условите да станам ваша секретарка?
- Многу едноставни: сакаш или не сакаш?
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
885.- Во Моравија умре Методиј Солунски, постар...
1587.- Британската флота под команда на адмирал...
1772.- Во Лондон е роден Давид Рикардо, англиски...
1775.- Американската војна за независност почна...