Реплики и контрареплики на пратениците од опозицијата за разрешувањето на Зврлевски

Скопје, 16 август 2017 (МИА) - Денешното 12-то продолжение на шестата собраниска седница на која се расправа за разрешување на државниот јавен обвинител Марко Зврлевски, го одбележаа серија реплики и контрареплики меѓу пратениците од ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата. Пратениците од владејачкото мнозиство и денеска не учествуваа во расправата. За СДСМ, кои ставот го искажаа на претходните продолженија на седницата, меѓусебните реплики и контрареплики на ВМРО-ДПМНЕ се рашомонијада и бурлеска за пролонгирање на правдата, поради што тие и најавија дека нема да учествуваат во таквата бесмислена расправа.
Според пратениците од опозициската ВМРО-ДПМНЕ, барањето на Владата е неосновано и неаргументирано. Тие се повикуваат на членот 8а, став 1 од Изборниот законик со кој, како што велат, е истакнато дека сите постапки за назначување и разрешување функционери не смеат да се случуваат кога се објавени избори.
Ваквата расправа за разрешување на Зврлевски, оценија тие, намерно се форсира, за да се дефокусира јавноста од актуелните теми како задолжувањето, пожарите, стратегијата за мигранти и, како што велат, сите други погрешни политики на оваа Влада.
Побараа мнозинството да се согласи новиот јавен обвинител да се бира со двотретинско мнозинство и да доаѓа на предлог на опозицијата. Ако се согласеше на такво нешто мнозинството, рекоа, сега нема веќе да се разговараше за разрешување на јавниот обвинител, туку за избор на нов.
Пратеникот Крсто Јовановски од ВМРО-ДПМНЕ истакна дека со ваквата постапка за разрешување на јавниот обвинител се врши и разрешување на, како што рече, системот, Уставот и на законите.
За Емилија Александрова спорен е фактот што Судскиот совет неколку години немал забелешки на работата на Зврлевски, и одеднаш се согласил со барањето на Владата за негово разрешување. Тоа рече, е очигледен притисок кон судството и начин да се дисциплиниираат сите останати јавни обвинители и судии.
Пратеникот Илија Димовски процедурално реагираше и побара, претседателот на Собранието Талат Џафери, како што рече, попозитивно да се однесува, без нетрпеливост и нервоза и да не им упаѓа во збор на пратениците. Потребна е, потенцира тој, галантност и демократичност во водењето на седниците.
- Член 90 од Деловникот во став 1 вели дека говорникот може да говори само по прашањето по кое се води претрес, став 2 дека ако се оддалечува од прашањето претседателот на Собранието ќе го повика да се придржува кон него, став 3 дека ако говорникот и по повторното повикување не се придржува кон прашањето претседателот му го одзема зборот. Став 4 вели дека говорникот е должен во својот говор да го почитува достоинството на Собранието. Секогаш кога ќе почувствувам потреба ќе го цитирам овој член за јавноста да знае дали јас упаѓам во збор или го спроведувам Деловникот, рече Џафери реплицирајќи му на Димовски.
Пратениците од СДСМ сметаат дека разрешувањето на државниот јавен обвинител е законско и легално во целост зашто воопшто не значи негово отпуштање од работа или прекин на неговиот работен однос.
Предлогот за разрешување на Зврлевски е поднесен од Владата поради, како што се наведува во образложението, незаконито, ненавремено и недоволно стручно вршење на функцијата.
Зврлевски со своето однесување и дејствување покажал дека не е способен за извршување на функцијата и го нарушил нејзиниот углед, стои, меѓу другото, во предлог-текстот.
На дневен ред на 6. седница се над 30 точки, Годишниот извештај на Народниот правобранител за почитувањето, унапредувањето и заштитата на човековите слободи и права, информацијата за состојбата со дивата депонија во Струга, годишниот извештај за работата на Регулаторната комисија за енергетика, финансискиот план на Агенцијата за супервизија на осигурување за 2017 година, предлог-одлуката за одобрување на Финансискиот план на Македонската радио телевизија за 2017 година, предлог-одлуката за давање согласност на предлогот на годишната програма за работа и развој на Агенцијата за цивилно воздухопловство за 2017 година.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...