Заев подготвен за пратенички прашања еднаш неделно, бара термини од Џафери

Скопје, 16 август 2017 (МИА) - Претседателот на Владата на Република Македонија Зоран Заев денеска писмено побара од претседателот на Собранието Талат Џафери да одреди термин за тематски пратенички прашања еднаш неделно.

Во писмото Заев наведува дека Владата е подготвена да почнат неделни тематски пратенички прашања во траење од еден час, во време и формат кој ќе го одреди претседателот на Собранието.

- Во контекст на целосното спроведување на Планот 3-6-9, би сакал да ја изразам недвосмислената подготвеност на Владата за одржување неделни, тематски пратенички прашања во траење од еден час, во време и формат кој Вие ќе процените дека е најсоодветен и согласно Вашите внатрешни процедури, стои во писмото од премиерот.

Заев потсетува дека во делот на Планот, кој се осврнува на Собранието на Република Македонија, Владата се обврза на целосна поддршка на низа мерки со цел враќање на демократскиот амбиент во оваа клучна институција, преку политички дијалог и соработка со сите парламентарни партии, вклучително и опозицијата.

- Владата е подготвена да даде придонес во обезбедувањето услови за целосна имплементација на договорените препораки по немилите настани од 24/12/2012, поврзано со насилните настани од 27/04/2017. Во таа насока, во отворена и искрена соработка со опозицијата, коалициските партнери и мнозинството ќе се погрижат надзорната функција на Собранието и собраниските тела над работата на Владата и нејзините безбедносни и разузнавачки служби да биде редовна и рутинска. Мнозинството ќе се залага и за поголема соодветна вклученост на граѓанското општество во дискусиите на собраниските тела, додава Заев.

Владата ги поздравува чекорите на Собранието за исполнување на одредбите од Планот 3-6-9 како реактивирањето на Клубот на пратенички и Постојаната анкетна комисија, како и отпочнувањето на работа на двете комисии за надзор на службите. Се радуваме на идната соработка со нив.

Владата, според него, активно се залага и за вклучување на Собранието во реформата на разузнавачките и безбедносните служби, која моментно, како што истакнува, е во тек. Владата исто така се обврзува и прифаќа задолжително елаборирање пред собраниските тела на предлог законите на експертско ниво.

Премиерот информира дека во наредниот период Владата ќе ги подготви следните активности од Планот 3-6-9. - Ве поканувам, заедно со Вас и Вашите колеги, заеднички да ги усогласиме следните реформски чекори кои ќе го зајакнат демократскиот амбиент во земјата и особено во Собранието на Република Македонија и повторно ќе отворат европската перспектива на нашата земја, наведува Заев во писмото до Џафери.

Воедно му ги честита и првите 100 дена од раководењето со Законодавниот дом во насока на постигнување поголема транспарентност и приближување до граѓаните.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Муабетат двајца пријатели во кафана:
- Абе, знаеш дека од една пијачка ме фаќа?
- Ај, шо збориш, од една само???
- Да бе, и тоа обично шестата.

* * *
Прашува едно дете...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект "Санација на трупот на патот кај...
Верски календар
На денешен ден
1461.- Во најкрвавата битка во Војната меѓу двете...
1772.- Умре шведскиот филозоф Емануел...
1792.- Умре шведскиот крал Густав Трети, 13 дена...
1809.- Шведскиот крал Густав Четврти мораше да...