Османи на средби со претставници на фондациите „Конрад Аденауер“ и „Фридрих Еберт“ во Берлин

Скопје, 17 август 2017 (МИА) - Во рамките на посетата на Берлин, заменик претседателот на Владата задолжен за европски прашања, Бујар Османи, оствари поединечни средби со Александар Калвајт, раководител за меѓународна соработка при Фондацијата „Фридрих Еберт“ и со Ларс Хансел, раководител на Одделот за Европа при Фондацијата „Конрад Аденауер“.

Како што соопшти СЕП, на средбите, вицепремиерот Османи размени мислења со претставниците на фондациите околу политичката состојба во Македонија, како и можностите за унапредување на граѓанското општество, институциите, социјалниот развој, меѓуетничките односи, човековите права, приближувањето на македонското општество до вредностите не Европската унија... Османи, како што се наведува, посочи на долгогодишното присуство во Македонија на фондациите, преку кое е изграден нераскинлив дел со политичкиот и општествениот развој на Македонија.

Вицепремиерот Османи, воедно, ги запозна претставниците на Фондациите за новиот политички импулс во Македонија, фокусот кон европските и евро-атлантските интеграции на новата Влада, имплементацијата на Планот 3-6-9, како и новиот политички моментум создаден по потпишувањето на договорот за добрососедство со Бугарија и усвојувањето на новиот предлог-закон за јазиците.

- Во таа насока, Османи побара и од двете фондации, да се вклучат, со својот авторитет и експертиза, како во асистенција на Владата при имплементација на реформите, така и директно кај политичките партии од сите страни на политичкиот спектар, особено за прашањата за кои е потребен консензус, стои во соопштението.

Вицепремиерот задолжен за европски прашања Бујар Османи во рамки на работната посета на Берлин се сретна со државниот министер за Европа, Михаел Рот, како и со повеќе високи претставници на германската држава, претставници на влијателни невладини организации и тинк-тенкови. На средбите, вицепремиерот Османи ги престави политичките состојби во Република Македонија, а од германските претставници побара поддршка за нашите европски и евро-атлантски аспирации, се наведува во соопштението од СЕП.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Двајца излегле со своите жени низ чаршија да се прошетат но и двајцата ги изгубиле своите жени.
И почнале да ги барат.Барајки ги жените и двајцата се судриле.Првиот рекол:Извини...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
570.- Во Мека е роден Мухамед, основач на...
1653.- Водачот на Англиската револуција Оливер...
1657.- Англиската флота, под команда на адмирал...
1768.- Умре италијанскиот сликар Каналето, еден...