Се уредуваат влезот и кабинетите во штипското училиште „Димитар Влахов“

Штип, 17 август 2017 (МИА) - Штипското Општинско Основно училиштре „Димитар Влахов“ почна со активностите за подготовка на редовната настава за училишната 2017-2018 година. Во ова училиште, во кое наставата ја следаат ученици од најголемите и најразвиени штипски населби, до денеска се запишани 88 првачиња.
Директорот Јорданчо Митков изјави дека овој број ќе се зголеми до почетокот на септември.
- Имаме 88 првачиња во четири паралелки, што не значи дека до почетокот, односно до самиот прием на првачињата кое го планира нашето училиште, на 31 август во девет часот, не значи дека нема да дојдат дополнителен број правчиња да се запишат од други места. Се надеваме уште најмалку на десет правчиња, со што бројката би била околу 100 првачиња, рече Митков.
Тој истакна дека училиштето веќе работи на уредување на главниот влез на училиштето, како и на кабинетите за настава, а веќе од септември се очекува и реализација на еден поголем проект.
- На двата ката од нашето училиште треба се смени инсталацијата на парното греење. Но, тоа ќе се реализира во септември, рече Митков.
Промената на инсталцијата за парното грееење во кабинетите и училниците на двата ката на училиштето ќе се реализира со средства од буџетот на Општина Штип.
Оваа година општината преку Одделението за образование обезбеди околу 40.000 евра за реализација на три поголеми проекти во основните училишта „Димитар Влахов“, „Тошо Арсов“ и „Славејко Арсов“.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...