Во Велес изложба на фотографии за убавините на Преспа

Велес, 18 август 2017 (МИА) - Во Ликовниот салон во Велес синоќа беше отворена изложба на фотографии од Љупчо Илиевски од Скопје фотограф –фоторепортер вработен во МРТВ како камерман/снимател. Ова е негово второ претставување пред велешката културна публика по првата на која ги претстави убавините на Кокино.

На изложбата се претставени 30 фотографии со димензии 70х50 сантиметри формат, на кои се претставени најразновидни убавини на Преспа.

Како што информира за МИА авторот на изложбата Љупчо Илиевски фотографиите се направени во периодот 2008-2011 година при правење репортажа за престижниот „Нешнл џеографик “, а за што подолго време го истражувал овој регион. Во соработка сo УНДП изработил и календар за 2011 година што бил објавен во 162 држави.

Илиевски воедно потсетува дека Преспа по многу нешта е единствена во Европа и светот: Преспанското езеро се наоѓа меѓу два национални парка Галичица и Преспа, а 46,7 проценти од сите видови птици во Европа се сместени во Преспанскиот регион. Тој е богат со енемични видови на риби и растенија,а е трет во светот по производство на јаболка.

-Таму е Курбиново и нашиот Ангел трета фреска по убавини во светот настанати три века пред појава на романтизмот и негов предвесник. Затоа треба да се гордееме со Преспа. Преспа е насушна потреба за да се исполни душата. А за фотографот е најважно преку фотографиите да го потенцира тој мир и спокој што го има во Преспа. И кога тишината сака да се одмара оди во Преспа, потенцира Илиевски.

Тој најави дека по претставувањето на Преспанското езеро од македонска страна, ќе го фотографира езерото и од албанска и од грчка страна и потоа на следни изложби ќе ги претстави и тие негови убавини.

Изложбата „Убавината ја живееме“ беше отворена во Ресен, по што беше претставена и во Скопје, Гевгелија, Крива Паланка и Кавадарци. По Велес ќе биде изложена и во други градови во државава.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Двајца излегле со своите жени низ чаршија да се прошетат но и двајцата ги изгубиле своите жени.
И почнале да ги барат.Барајки ги жените и двајцата се судриле.Првиот рекол:Извини...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
570.- Во Мека е роден Мухамед, основач на...
1653.- Водачот на Англиската револуција Оливер...
1657.- Англиската флота, под команда на адмирал...
1768.- Умре италијанскиот сликар Каналето, еден...