Монтела ги повика сите симпатизери на Милан од Балканот да дојдат во Скопје

Милано, 18 август 2017 (МИА) - Иако Милан убедливо со 6-0 ја победи Шкeндија, тренерот на италијанскиот гигант Винченцо Монтела верува дека неговата екипа има голем простор за напредок во играта. Што се однесува до противникот, Шкендија, Монтела.
- Одигравме одличен натпревар и морам да сум задоволен, иако во секој случај гледам простор за напредок. Гледав натпревари на Шкендија и знаев дека треба што побрзо да ги отвориме и да стигнеме до рано водство. Го сторивме тоа и стигнавме до лесна и убедлива победа. Нивниот голман им беше најдобар играч, одбрани повеќе извонредни шутеви на нашите фудбалери, изјави Монтела.
Без оглед на убедливата предност од Милано, младиот стручњак најави подеднакво залагање на своите избраници и на реваншот за седум дена во Скопје.
- Знам дека имаме голем број на фанови и на Балканскиот полуостров, мило ми е што ќе патуваме во Скопје. Ги поканувам сите наши навивачи да дојдат на стадион на реваншот, додаде Монтела.
Реванш дуелот Шкендија - Милан ќе се игра во Скопје на 24 август.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Муабетат двајца пријатели во кафана:
- Абе, знаеш дека од една пијачка ме фаќа?
- Ај, шо збориш, од една само???
- Да бе, и тоа обично шестата.

* * *
Прашува едно дете...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект "Санација на трупот на патот кај...
Верски календар
На денешен ден
1461.- Во најкрвавата битка во Војната меѓу двете...
1772.- Умре шведскиот филозоф Емануел...
1792.- Умре шведскиот крал Густав Трети, 13 дена...
1809.- Шведскиот крал Густав Четврти мораше да...