Протест на жителите на Тетово по саботниот пожар на депонијата

Тетово, 21 август 2017 (МИА) - Жители на Тетово во организација на невладината Еко герила денеска повторно протестираа на депонијата кај претоварната станица на влезот во градот. Според претседателот на Еко Герила Аријанит Џафери протестот е поради големиот пожар што ја зафати депонијата во саботата.
- Би било тешко и кривично дело ако се покрене, сомневање дека оваа депонија била запалена за да се искористи како политичка арена за предизборни цели, каде што животот и здравјето на граѓаните на Тетово било загрозено за внатрепартиски и меѓупартиски позиции или за конфликти за валкани и сомнителни деловни интереси. Ние сметаме дека пожарот во сабота беше последица бидејќи причината е депонијата што е тука со години поради негрижа и незаинтересиранот на властите да ја отстранат, изјави Џафери.
Бараме, посочи тој, од надлежните институции да ги изведат пред лицето на правдата одговорните лица кои сериозно го загрозуваат заравјето и животот на граѓаните.
Џафери рече дека се задоволни од започнувањето на чистењето на депонијата, но и оти ќе продолжат со борбата за стекнување на правото за чиста животна средина, како и дека секојдневно ќе ги следат активностите за да бидат сигурни дека отпадот што ќе се отстрани од депонијата во Тетово ќе заврши на соодветна локалција и нема да предизвикува проблем на друго место.
По завршувањето на протестот пред влезот на претоварната станица помал дел од учесниците се упатија кон зградата на Општина Тетово и на влезната врата залепија налепници на кои беше отпечатен членот 218 од Кривичниот законик на Македонија, а што се однесува на загадувањето на животната средина и природата и којшто предвидува казна затвор од 4 до 10 години затвор за лицата што нема да се придржуваат кон прописите а со тоа влијаат врз здравјето на луѓето и средината.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Невработена службеничка го прашува директорот:
- Кои се условите да станам ваша секретарка?
- Многу едноставни: сакаш или не сакаш?
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
885.- Во Моравија умре Методиј Солунски, постар...
1587.- Британската флота под команда на адмирал...
1772.- Во Лондон е роден Давид Рикардо, англиски...
1775.- Американската војна за независност почна...