Изградена канализација во Мородвис и Видовиште во општина Зрновци

Кочани, 22 август 2017 (МИА) - Општина Зрновци ја заврши изградбата на канализационата мрежа во Мородвис и Видовиште со што е решен проблемот на жителите кои со години копаа септички јами во дворовите.
- Во двете населени места Мородвис и Видовиште реализиравме канализациона мрежа во должина од 12,5 км, за која се инвестирани средства во висина од 517.800 евра. Средствата за канализацијата во Мородвис се обезбедени преку Министерството за транспорт и врски како гранд од Европската банка, додека канализацијата во Видовиште е реализирана со средства од Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, изјави Блаже Станков, градоначалник на Зрновци.
Со изградбата на канализационата мрежа заштитени се од загадување 80 бунари за снабдување со вода во овие населени места.
Општината работи и на изградбата на атмосферската канализација во населеното место Зрновци.
- Со асфалтирањето на секоја улица, најпрвин се решава атмосферската канализација, а потоа се пристапува кон асфалтирање, истакна Станков.
Во Зрновци е изградена атмосферска канализација во должина од над два километра на улиците „Филе Ристов“, „Аспарух Манов“ и на улицата „Маршал Тито“. Деновиве е завршена и изградбата на атмосферската канализација на улицата која води кон населеното место Видовиште, со што се прифатени атмосферските води кои доаѓаат од планината Плачковица. За изградбата на атмосферската канализација општината инвестираше средства од сопствениот буџет.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Студенка по медицина полага
испит.
-Колешке,во тестисите на
мажите колкаво количество спер-
ма има?
По кратко размислување.
-Паа,голтка -голтка ипол!
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект "Санација на трупот на патот кај...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на бабите, празник...
1472.- Роден е италијанскиот сликар Бартоломео...
1483.- Во Урбино е роден Рафаело Санти,...
1749.- Во Бомон ан Ож е роден Пјер Симон Лаплас,...