Опрема за Единицата за одговор при катастрофи на Црвен крст Велес

Велес, 22 август 2017 (МИА) - Во просториите на општинскиот Црвен крст во Велес денеска од Ротари клубот беше предадена опрема за Единицата за одговор при катастрофи на Општинскиот Црвен крст Велес.

Секретарот на ООЦК Велес Миле Маџаров, информира дека набавена е даска за пренос на повредени и друга придружна опрема како и униформи за целиот тим од 16 нови членови на оваа Единица за делување при катастрофи.

Претседател на ООЦК Велес Милчо Трајков потсети дека оваа набавка е дел од заедничкиот проект на Општинскиот Црвен крст и Ротари клубот од Велес, а која се реализира од мај-јули 2017 година, насловен „Обука и опремување на единицата за одговор при катастрофи на ООЦК Велес“.

- Во рамките на проектот беа спроведени повеќе обуки на членовите на тимовите на Единицата и беше изведена завршна активност на која беше извршена проверка на стекнатите знаења и вештини. Во рамки на проектот, од страна на Ротари клубот од Велес, набавена е опремата за Тимот за укажување прва помош и униформите за членовите на Единицата, изјави Трајков.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...