Велешки пливачки маратон на езерото „Младост“

Велес, 23 август 2017 (МИА) - Во недела на Езерото „Младост“ кај Велес ќе се одржи четвртиот Велешки пливачки маратон во организација на Здружението за спорт и рекреација „Клуб 28“ и Кајакарскиот клуб „Бабуна“ од Велес, под покровителство на oпштина Велес.
Како што информира на денешната прес-конференција Роберт Папазов од организациониот одбор и годинава ќе се плива во три категории на 2,5 на 5 и на 10 километри во олимписка дисциплина во машка и женска конкуренција.
- Заради безбедноста на пливачите годинава патеката е потесна и подолга, информира Папазов.
Според Илија Попов од организациониот одбор, обезбедени се врвни судии, а за безбедноста на пливачите ќе се грижат кајакарите од велешките клубови и 30 спасители од Службата за безбедност на вода на Општинскиот Црвен крст, кои ќе бидат распоредени во чамци, кајаци и на брегот на езерото по претходно организирани пунктови.
- Досега се пријавени 40 во рекреативниот и 30 во натпреварувачкиот дел, а за најдобрите се обезбедени и парични награди, информира Попов.
Стартот е во недела на 27 август во 10 часот за рекреативците и во 12 часот за професионалците во машка и женска категорија.
Како што информираат од организациониот одбор пријавувањето во сите категории трае до петок.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Невработена службеничка го прашува директорот:
- Кои се условите да станам ваша секретарка?
- Многу едноставни: сакаш или не сакаш?
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
885.- Во Моравија умре Методиј Солунски, постар...
1587.- Британската флота под команда на адмирал...
1772.- Во Лондон е роден Давид Рикардо, англиски...
1775.- Американската војна за независност почна...