Директорот на Генералната полиција на Турција Алтинок во посета на МВР

Скопје, 23 август 2017 (МИА) - Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски денеска се сретна со директорот на Генералната полиција на Република Турција Селами Алтинок, кој е во официјална посета на македонското Министерство за внатрешни работи.
Како што соопшти МВР, министерот Спасовски истакнал дека оваа средба е особено значајна за интензивирање на заедничките активности во насока на надминување на безбедносните предизвици со кои се соочуваат, како и во спроведување на реформите кои се во тек, во двете земји.
Спасовски изрази благодарност за досегашната поддршка што Република Турција конкретно ја демонстрираше кон нашата земја од осамостојувањето до денес, со посебен акцент во делот на унапредување на безбедноста и надградба на капацитетите на МВР, стои во соопштението.
- Само со заеднички напори можеме да се справиме со сите глобални безбедносни закани, почнувајќи од илегалната миграција, борбата против трговија со луѓе, дрога и оружје, потоа превенцијата од радикалниот и насилен екстремизам, како и справувањето со тероризмот и терористичките групи кои за жал стануваат реалност и на нашите простори, истакна Спасовски.
По средбата со министерот Спасовски, директорот на Генералната полиција на Република Турција Алтинок се сретнал и со неговиот домаќин, директорот на Бирото за јавна безбедност при МВР, Лазо Велковски.
На состанокот на делегациите на полициите на двете земји, предводени од двајцата директори, Велковски и Алтинок, како што се посочува во соопштението, се разговараше и беа договорени низа конкретни активности особено во делот на меѓусебни обуки во Центарот за обука во Идризово и при Полициската Академија во Анкара, пред се обуки за обезбедување на ВИП личности, потоа активности за размена на искуства поврзани со спроведување на финансиски истраги, перењето пари и други приноси од криминални дејствија, како и за воспоставување непосредна комуникација со највисоките претставници на турската служба за борба против дрога и недозволената трговија со оружје.
Директорот на турската полиција, Алтинок упатил официјална покана за возвратна посета на Директорот на Бирото за јавна безбедност при МВР, Велковски, која би требало да се реализира до крајот на годинава.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Влегува човек во кафана и прашува:
- Кој е овде посилен од мене?
Стануваат тројца батки:
- Ние сме!
- Е па, дојдете да го бутнеме југово.

webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните...
Верски календар
На денешен ден
1519.- Роден е францускиот крал Анри Втори, татко...
1563.- Со мировен договор во Амбоаза заврши...
1628.- Англичаните во Америка ја основаа...
1629.- Роден е рускиот цар Алексеј Михајлович...