СДСМ: Владата ги направи институциите достапни и отворени за сите граѓани

Скопје, 7 септември 2017 (МИА) - Владата предводена од СДСМ и парламентарното мнозинство докажаа дека институциите можат да работат одговорно, отчетно и во служба на граѓаните, се наведува во денешното партиско соопштение.
- СДСМ, преку Владата што ја предводи и преку парламентарното мнозинство, ги остварува ветувањата дадени пред граѓаните и ги отвори институциите, кои наместо како досега да работат во интерес на Никола Груевски и ВМРО-ДПМНЕ, денес работат во служба на граѓаните, велат од СДСМ.
Оттаму посочуваат дека со Одлука на Владата предводена од СДСМ од 1 септември клучните институции работат двосменско. - Управата за јавни приходи, Царинската управа, градинките, Управата за водење матични книги и службите за издавање лични карти и пасоши во МВР сега работат до 21:30 часот и им се подостапни на граѓаните, истакнуваат од СДСМ.
Во Министерството за труд и социјална политика, како што посочуваат, воведен е „Отворен ден со граѓаните“, секој петок од 9 до 13 часот. - Декласифицирани се информациите кои се однесуваат на службени патувања, репрезентации и доделување државна помош за странските компании, а со одлука на Владата, достапни и бесплатни се информациите од Централниот регистар и од Катастарот за новинарите кои работат истражувачко новинарство, се додава во соопштението.
По локалните избори, како што истакнуваат од СДСМ, начелата на отчетност, професионалност и одговорност на Владата ќе важат и на локално ниво, кога и локалните инситуции ќе работат единствено во служба на граѓаните.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Муабетат двајца пријатели во кафана:
- Абе, знаеш дека од една пијачка ме фаќа?
- Ај, шо збориш, од една само???
- Да бе, и тоа обично шестата.

* * *
Прашува едно дете...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект "Санација на трупот на патот кај...
Верски календар
На денешен ден
1461.- Во најкрвавата битка во Војната меѓу двете...
1772.- Умре шведскиот филозоф Емануел...
1792.- Умре шведскиот крал Густав Трети, 13 дена...
1809.- Шведскиот крал Густав Четврти мораше да...