Кривична пријава за поранешниот министер Миле Јанакиески

Полициската станица-Прилеп поднесе кривична пријава против поранешниот министер за транспорт и врски Миле Јанакиески, како и за актуелен и поранешен државен правобранител и за нотар, за злоупотреба на службената положба.

- Лицата М.Ј.(39) од Скопје, Д.Р.(64) од Прилеп, С.Т.(63) од Прилеп и В.Ј.(51) од Прилеп, се под сомнение дека сториле кривично дело „злоупотреба на службената положба и овластување“, предвидено и казниво по чл. 353 ст.1, 3 и 5 од Кривичниот законик на Република Македонија, стои во пријавата поднесена до Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција во Скопје.

Првопријавениот, како што соопшти денеска МВР, во временскиот период од 2007 до 2010 година, во својство на министер во Владата на Република Македонија ја злоупотребил својата службена положба и овластување на начин што спротивно на одредбите предвидени во Законот за продажба на општествените станови, односно без Одлука од Владата–како сопственик на становите бр. 16 и 12 лоцирани во т.н. „пензионерска зграда“ во Прилеп, која се наоѓа на ул.,,Димо Наредникот“ бб, како овластен застапник на Владата, склучил договори за купопродажба на предметните станови со лицата З.А. и Д.Р., кои пак станови лицата ги користеле врз основа на решенија издадени од некогашниот Сојуз на борци како и Сојуз на пензионери.

Второпријавениот по занимање нотар, третопријавениот поранешен државен правобранител и четвртопријавената актуелен државен правобранител во својство на овластени лица кои требало да ја испитаат законитоста и дозволеноста на склучувањето на предметните договори, не презеле мерки и пропуштиле надзор за заштита на државниот имот на Република Македонија, со што им овозможиле на овие лица да извршат откуп на становите по повластени цени, со што го оштетиле буџетот на Република Македонија во вкупен износ од 2.595.976,оо денари, се наведува во соопштението од МВР.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...