Нема потреба од дополнително обезбедување на Груевски

Поранешниот премиер Никола Груевски нема потреба да добие повеќе лица за обезбедување од она што законски е предвидено. Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски ја донел одлуката пред околу еден месец и смета дека нема потреба на дополнителен број лица за обезбедување.

Одлуката не ја донесов паушално. Јас можев да ја донесам веднаш, меѓутоа направивме проценки и во Бирото за јавна безбедност и во УБК. Анализирани се сите податоци и со оглед на тоа што неговото актуелно обезбедување од шест лица ниту во еден момент не пријавило за каква било закана кон него и по неговото семејство нема никаква проценка дека треба да биде зголемен бројот на лица коишто би го обезбедувале, изјави Спасовски одговорајќи на новинарски прашања во врска со барањето на поранешниот премиер Никола Груевски за обезбедување од дополнителни 20 лица.

Појасни дека претходното парламентарното мнозинство донесе законско решение кое што вели дека поранешен премиер има право на обезбедување со шест лица во времетраење на период колку што му бил мандатот.
Во однос на трошењата за репрезентации од претходното раководство, министерот Спасовски истакна дека се чека избор нов јавен обвинител за да ги затвори тие случаи.

Чекаме избор на нов јавен обвинител заради тоа што не сакам да ги однесеме во Јавно обвинителство и да ги затвори тие случаи, бидејќи на мене ми се случи една таква работа со еден сеопфатен извештај за незаконско издавање дозволи за оружје доставен до Јавното обвинителство се затвори без никаква постапка, а беше констатирано дека 468 лица само од СВР Скопје имаат земено оружје, посочи Спасовски и додаде дека доколку се затвори еднаш постапката правилата се дека нема втора постапка за истата работа.

Во врска со случајот со поранешните раководители во УБК кои се обвинети од СЈО, а се во бегство, Никола Бошковски и Горан Грујовски, рече дека секој ден се добиваат податоци и се вршат проверки, меѓутоа станува збор за податоци и проверки што не може да се изнесат во јавноста заради процесот што се води.

Посочи дека генерално сите анализи и податоци ги имаат во СЈО и тие се надлежни за случајот.
Запрашан дали има санкции и за други вработени кои им помогнале на Бошковски и Грујовски за злоупотреба на системот, Спасовски рече дека за нив се водат соодветни постапки.

За некои има суспензии, за некои има дициплински постапки, за некои има отказни решенија, рече Спасовски.
Министерот за внатрешни работи информира и дека е побарано повлекување на обвинетиот од СЈО Тони Јакимовски од директорската позиција во регионалната организација за борба со организиран криминал и корупција СЕЛЕК.

 Подобро е да немаме директор во СЕЛЕК отколку да имаме со криминално досие и да ни се смее цела Европа. Никој никого не обвинува, но во организација што се бори против организиран криминал и корупција да имаме ваков човек е недозволиво. Најмалку што се очекува е да се повлече самиот, рече министерот Оливер Спасовски.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Студенка по медицина полага
испит.
-Колешке,во тестисите на
мажите колкаво количество спер-
ма има?
По кратко размислување.
-Паа,голтка -голтка ипол!
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект "Санација на трупот на патот кај...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на бабите, празник...
1472.- Роден е италијанскиот сликар Бартоломео...
1483.- Во Урбино е роден Рафаело Санти,...
1749.- Во Бомон ан Ож е роден Пјер Симон Лаплас,...