Прва генерација учесници на Професионална програма за одржливо лидерство во Македонија

Скопје, 14 септември 2017 (МИА) - Економскиот факултет при Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје и Институтот за истражување во животна средина, градежништво и енергетика – ИЕГЕ денеска ќе ја промовираат првата генерација учесници на Професионалната програма за одржливо лидерство во Македонија.
Програмата е основана со цел создавање конкурентни кадри кои преку својот професионален развој ќе ги усовршат своите менаџерски и лидерски вештини потребни за градење одржливи системи и организации во склад со зачувување на животната средина и грижа за природните ресурси.
- Учесниците во програмата ќе ги зајакнат своите капацитети и придонесат кон градење одржливи општества и обезбедување благосостојбата на идните генерации. Составен елемент на оваа промоција ќе биде претставување на сите дисципини кои ќе се изучуваат во рамки на оваа единствена студиска програма. Таа ќе биде имплементирана од страна на домашни и меѓународни предавачи со долгогодишно професионално искуство од институции од Македонија, Словенија, Австрија и Литванија, соопшти Економскиот факултет при УКИМ.
Професионалната програма за одржливо лидерство е креирана во рамки на проектот PoSsibLe, финансиран од ЕУ програмата Еразмус+, за градење стратешки партнерства во областа на високо образование.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...