Проектот за граѓанско учество на УСАИД ќе ги објави добитниците на 26 грантови

Скопје, 14 септември 2017 (МИА) - Проектот за граѓанско учество (ПГУ) на УСАИД денеска ќе ги објави добитниците на 26 грантови чија цел е да ја зајакне поврзаноста помеѓу граѓаните и владата преку поддржување на конструктивна и позитивна вклученост на граѓанските организации и алијансите, и младите во дискусиии за јавни политики, обезбедување јавни услуги и развој на заедницата.
Вкупниот износ на 26-те грантови кои ќе бидат промовирани изнесува над милион американски долари.
На настанот ќе се обрати претставникот на УСАИД во Македонија Дејвид Атбери и ќе биде прикажано видео со краток опис на организациите, нивните цели и активности. Видеото е подготвено од самите грантисти и составено од страна на Проектот на УСАИД за граѓанско учество.
По завршување на презентацијата, присутните ќе имаат можност да дознаат повеќе за овој проект на УСАИД и неговите грантисти преку неколку тематски катчиња. Ќе биде дистрибуиран и Календар за планирани отворени повици за грантови.
Настанот е дел од Недела на граѓански организации поддржана од Проектот за граѓанско учество на УСАИД – серија од настани кои ја промовираат работата на граѓанските организации пред пошироката јавност.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...