Донесен законот со кој се укинува радиодифузната такса

Собранието на Република Македонија денеска го донесе законот со кој се укинува плаќањето на радиодифузната такса.

Измените на Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги беа донесени по скратена постапка.

Со законот се предвидува приходот, што досега го добиваше МРТ преку собирање на оваа давачка, да се финансира од државниот Буџет и тоа во износ од 0,5 проценти од вредноста на Буџетот на годишно ниво. За таа цел потребно е да се одвојат 885 милиони денари на годишно ниво од Буџетот на Република Македонија за 2018 година. Покрај од Буџетот, МРТ ќе се финансира и од други средства, односно од приходи на кабелските оператори и од приходи остварени со продажбата на програма произведена во МРТ.

Пратеникот Томислав Тунтев, кој е еден од предлагачите на законот, истакна дека со ваквото законско решение ќе се ослободат граѓаните од една непотребна давачка, а од друга страна ќе се зголеми ефикасноста во работата на МРТВ.

- Не секогаш беа собирани сите средства. Сведоци бевме на финансиска дупка од пред две години на МРТВ. Ова е начинот кој ние го предлагаме за да ги ослободиме граѓаните од една неприродна давачка и да се зголеми ефикасноста во работата и функционирањето на јавниот радиодифузен сервис, рече Тунтев.

Радиодифузната такса беше воведена во 2005 година.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...