ДЗР: Расте процентот на спроведување на препораките кај институциите

Скопје, 19 септември 2017 (МИА) - Од година во година расте процентот на спроведување на дадените препораки од Државниот завод за ревизија (ДЗР) кај институциите . Околу 70 отсто од препораките на ДЗС се спроведени или се во тек на спроведување, изјави помошникот на главниот државен ревизор Цвета Ристовска на денешната прес-конференција, на која беше презентиран третиот квартален извештај од следењето на работата на ДЗР.
- Доколку станува збор за препораки во делот на финансиските извештаи рокот на спроведување на препораките е релативно покус, но кога станува збор за препораки каде што субјектот треба да постапи во делот со усогласување со извесни закони и прописи, или во делот на законското користење на средствата, самата препорака бара повеќе од 90 дена за негово спроведување, рече Ристовска.
Во текот на изминатите години, ДЗР поднесувал ревизорски извештаи до повеќе основни јавни обвинителства.
- Поконкретно во текот на 2016 година до ОЈО Скопје биле поднесени ревизорски извештаи на НУ Филмски фонд на РМ и извештај од ревизијата на успешноста на ЈП за одржување и заштита на магистралните и регионалните патишта на Македонија пат Скопје. Истата година до ОЈО Кочани бил доставен извештај за работењето на општина Кочани, рече на денешната прес-конференција Габриела Димовска од Центарот за економски анализи (ЦЕА), која е еден од авторите на извештајот.
Во контекст на тоа, додаде дека сите овие предмети се во претистражна постапка.
Третиот квартален извештај, како што рече Димовска, ја опфаќа работата на ДЗР во периодот од април до јуни 2017 година, а се однесува на транспарентност на ДЗР од аспект на комуницирање и информирање на јавноста преку веб-страната, перцепцијата на медиумите за транспарентноста на ДЗР,) резултати од работата на ДЗР и правна релација помеѓу ДЗР и Собранието на Република Македонија.
- Во третиот квартален извештај се мереше и перцепцијата на претставниците од медиумите. Она за што сите испитани новинари дадоа идентичен одговор е дека би било корисно барем периодично претставник на ДЗР да прави презентации/прес-конференции со наодите од ревизорските извештаи, рече Димовска.
Според неа, ова е особено значајно затоа што поголем дел од новинарите сметаат дека само делумно ги разбираат ревизорските извештаи, бидејќи некои работи се стручни и нејасни.
Извештајот е подготвен во рамки на проектот „Зајакнување на финансиската отчетност и транспарентност во Македонија“, а е имплементиран од Фондацијата за демократија на Вестминстер (WFD), Центарот за економски анализи (ЦЕА) и Институтот за комуникациски студии (ИКС), со поддшка од Британската амбасада во Скопје.
Во текот на проектот, до март 2018, ќе бидат подготвени уште три извештаи.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Седат Буш и Пауел во кафич и прават муабет. Влегува човек во кафичот, ги гледа двајцава и не му се верува дека се таму. И приоѓа на маса и ги прашува:
- Абе, вие Буш и Пауел...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1533.- Роден е холандскиот државник Вилхелм I...
1731.- Умре англискиот писател Даниел Дефо, кој...
1815.- Роден е англискиот писател Ентони Тролоп...
1854.- Врховниот суд на САД донесе пресуда дека...