Не почна главниот претрес од повтореното судење за убиството на Димитар Матилоски

Охрид, 19 септември 2017 (МИА) - Закажаното прво рочиште од повторениот процес за убиството на охриѓанецот Димитар Матилоски денеска не се одржа во Основниот суд во Охрид, поради непојавување на обвинетиот Бојан Угреновиќ (30).
Судскиот совет со кој претседава судијата Весна Кичеец ќе определи нов датум за главното рочиште, со забелешка дека доколку обвинетиот не се отповика на поканата за следниот закажан термин од расправата, ќе биде побарано да биде донесен со полициска асистенција.
Инаку, Судот во Охрид на првото судење го прогласи Угреновиќ виновен, изрекувајќи му затворска казна во времетраење од 16 години. На првото појавување пред Судот тој целосно ја призна вината, изразувајќи жалење за смртниот исход и каење за стореното дело. По изрекувањето на пресудата одбраната ја обжали пресудата пред Апелацискиот суд во Битола, кој поради одредени забелешки го врати предметот на повторено судење.
На првото појавување после одлуката на Апелацскиот суд, Угреновиќ целосно го смена исказот по однос обвинението, изјаснувајќи се невин за делото што му се става на товар. Тоа значеше потреба од повторување на целиот процес, а обвинетиот ја искористи недоследноста во легислативата и поради истекот на законскиот рок за притвор доби можност да се брани од слобода.
Убиството на Матилоски се случи на самата новогодишна ноќ на дочекот на 2016 година, во тепачка што се случи пред влезот на кафе-бар во центарот на Охрид.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...