Продолжува посетата на премиерот Зоран Заев на САД

Премиерот Зоран Заев ја продолжува посетата на САД каде што на 22 септември ќе има обраќање на генералната дебата на Генералното собрание на ОН во Њујорк.

За време на Генералното собрание на ОН, претседателот на Владата предвидено е да има работна средба и со генералниот секретар на Светската организација, Антонио Гутереш, како и повеќе други билатерални средби.

Според агендата на престојот на Генералното собрание на ОН, премиерот Заев ќе има средби и со претседателот на Европскиот Совет Доналд Туск, со високата претставничка за надворешна политика и безбедност на Европската Унија, Федерика Могерини и со комесарот за проширување на ЕУ, Јоханес Хан.

Работната посета на премиерот Заев на ОН и на САД ќе трае до сабота, а во состав на владината делегација се и министерот за надворешни работи Никола Димитров и министерот без ресор задолжен за дијаспората Едмонд Адеми.

Вчера премиерот Заев присуствуваше на свеченото отворање на 72. Генерално собрание на Обединетите нации.

Владината делегација вчера во Њујорк имаше и средби со претседателот на ОМД Мето Колоски и со претставници на Обединетата македонска дијаспора, како и со претседателката на Форумот за демократска Македонија Македонка Трајковска.

Премиерот Заев, како што информираат од неговиот кабинет, во рамки на средбата се обратил и пред нашите иселеници на прием организиран од ФДМ, со цел поддршка на заложбите на Владата за активирање на дијаспората во развојот на Македонија.

ОМД и ФДМ, како што се вели во соопштението, изразиле интерес и поддршка за активирање на дијаспората во економскиот напредок на Македонија, како и во отворањето на евро-атлантските перспективи на државата. Претставниците на Форумот за демократска Македонија, изразиле поддршка за ваквите владини политики и оцениле дека новата реформска Влада во Македонија отвора големи можности за граѓаните во Македонија, како и за вклучување на дијаспората.

Било разговарано за можноста за олеснување на постапката за вадење лични документи, за можноста за учење онлајн на македонскиот јазик.
Премиерот Заев присуствуваше на настан организиран од претседателот на САД Доналд Трамп за приклучување кон политичката декларација за реформата на ОН, каде остварил кратка средба со американскиот претседател.

Владината делегација предводена од македонскиот премиер се сретна и со претставници од иницијативата Македонија 2025.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...